Четврток, 22 Јули 2021    Печати
Не само што лаже во Македонија, туку лаже и во странство, Заев е прототип за пинокио

          1а1а2а3

 
Реакција на интервјуто на Зоран Заев за Дојче Веле
 
Не само што лаже во Македонија, туку лаже и во странство, Заев е прототип за пинокио. Не само што не креирал 100.000 работни места за четири години, туку во последната година Заев предизвика отпуштање на 60.000 луѓе.

Тоа што народот се иселува не е и не може да биде намалување на невработеноста.

Ако сите со ниски примања добијат отказ, тоа не значи покачување на просечната плата, туку само зголемување на јазот меѓу богатите и сиромашните.

Над 65% од работниците во Македонија земаат плата под 25.000 денари. Тоа е тажната реалност во Македонија поради Заев.

Корупцијата ја нагриза државата во сите аспекти. Заев заборави да каже дека нема истрага за него, брат му и братучедите. Главниот обвинет во Рекет, кажа дека парите од Рекет завршиле кај Зоран и Вице Заеви. Шоферот на Трајче Заев беше фатен како шверцува дрога во акција од американската ДЕА, а Трајче Заев, братучед на Зоран Заев не беше ниту повикан на разговор во МВР.

Правдата во Македонија со Заев е мртва и таа не важи за никој. Политички неподобните се шиканирани, а семејството Заеви и ним блиските непречено прават криминал.

Заев треба да каже дека 111-то место на листата за перцепција на корупција се должи на него и на неговото семејство, на рекетот на Вице, на лиценците на Трајче и на туцињата пари во торба на Ден Дончев.

Со Заев нема правда, уште помалку европски просперитет. Потребно е Заев да си замине, за државата да тргне напред. 
 
Време е за Македонија за сите луѓе!