Среда, 23 Јуни 2021    Печати
Агенда на движење на Коњаницата „СВ ЈОВАН БИГОРСКИ ПАТОТ НА ЦРЕШОВОТО ТОПЧЕ“ 2021 година

10403670 858481250846284 6658833520776812672 n

Во спомен на храбрите Илинденци, коњаницата “Бигорски Манастир-Патот на Црешовото Топче“ 2021 година по дванаесети пат го организира традиционалниот коњички марш.

Агенда на движење на Коњаницата „СВ ЈОВАН БИГОРСКИ ПАТОТ НА ЦРЕШОВОТО ТОПЧЕ“ 2021 година.

26.07.2021 Понеделник:

9,00ч. Посета на гробиштата во с. Зубовце.

11.00ч. Коњаницата пристигнува во с. Тумчевиште

13.00ч. Посета на гробиштата во Гостивар.

14.30ч. - Благослов на коњаниците во црквата „Св. Богородица“ во Гостивар

16,00ч. Од кај градскиот стадион во Гостивар коњаниците одат за Манастирот св. Јован Бигорски.

1 pece

27.07.2021 вторник:

10.00 ч. Бигорски Манастир - Литургија ,Благослов и Заклетва.

11.00ч. Коњаницата по благословот во Бигорскиот манастир тргнува на пат за Јанче.

12,00ч. Пристигнување во с. Јанче, коњаницата од с.Јанче патува кон с.Галичник.

13.30ч. пристигнување во с.Галичник.

15.30ч. Коњаницата од селска ливада во Галичник тргнува за бачило Салтаница.

20.00ч. Пристигнување на коњаницата во бачило Салтаница.

28.07.2021 Среда:

07.00ч. Тргнување на коњаницата од бачило Салтаница и патува покрај бачилото Сулумуница.

11.00ч. пристигање на бачило Раштанец, по мала пауза коњаницата тргнува кон Кнежињо.

16.00ч. Пристигнување во Манастирот - Кнежино.

29.07.2021 Четврток:

08.00ч. Тргнување од Манастирот во Кнежињо кон Крушино.

10.00ч. Пристигнување во Крушино.

11.00ч. Коњаницата влегува во Кичево на раскрсница кај борова шума -Коњаницата се упатува кон црквата во Кичево..Коњаницата после благословот од црквата се упатува кон с. Врањешница.

12.00ч. Коњаницата се упатува спрема општа болница во Кичево и излага на магистрален пат за с. Србјани. Коњаницата се упатува по селскиот пат Староец.

14.30ч. коњаницата влегува во с. Врањешница во црква СВ Илија.

30.07.2021 Петок:

11.00ч. Коњаницата тргнува за пат за Цер.- По патот за сел Цер коњаницата поминува низ Турла и с.Црцко.

15.00ч. пристигнување во с Цер.

31.07.2021 Сабота:

9.00ч. Коњаницата од с.Цер по патот за Крушево поминува низ с. Пуста Река покрај С, Долно Дивјанци и покрај Арилево

14,30ч. пристигнуване на езерото во Крушево -кампот на коњаницата Бигорски Манастир патот на црешовото топче.

Коњаницата според планот треба  на 2 август, на македонскиoт национален празник Илинден, да  учествуваат на централната прослава во славното Крушево, каде ќе се одржи центаралната прослава посветена на големиот јубилеј.

Коњаницата СВ ЈОВАН БИГОРСКИ ПАТОТ НА ЦРЕШОВОТО ТОПЧЕ по дванаесети  пат ќе учествува на прославата 10 дена КРУШЕВСКА РЕПУБЛИКА.

Нека им е лесен патот низ македонските планини до Крушево- Мечкин Камен!

Амин!

Македонска нација