Вторник, 11 Мај 2021    Печати
Милошоски до Заев : Дали Вие лично се имате сретнато со турскиот државјанин Седат Пекер

1antonio

Антонио Милошоски

Бидејќи во јавноста има голем интерес околу сигурноста на системот за издавање на биометриски патни исправи и кој од повисоките владини структури можел да биде во тек со издавањето на 214 пасоши на нарко-босови со украден идентитет во случајот "Мафија", до премиерот Заев поставив едноставно пратеничко прашање:

1safe1

Дали Вие лично се имате сретнато со турскиот државјанин Седат Пекер, по кого Турција и Интерпол трагаат со меѓународна потерница?

И да појаснам, не е од примарен интерес дали евентуалната средба Заев-Пекер била службена, неформална, во приватен дом, во работен ден или за викенд.

1sedat-peker-zaev