Недела, 09 Мај 2021    Печати
Наќе Чулев : Денес се одбележуваа шест години од Диво Насеље
 8nake
 
Наќе Чулев
 
 
Денес се одбележуваа шест години од еден од најтрагичните настани од поновата историја на Македонија, кога во вооружена престрелка кај кумановско Диво Насеље животот го загубија 8 припадници на македонската полиција.
 
Јас лично, никогаш нема да имам онолку зборови колку што овие херои заслужуваат почит. Тие и сите други кои животот го загубија за својата држава засекогаш ќе бидат светол пример за пожртвуваност, патриотизам и вистинска љубов кон својата земја.
 
Наша обврска и најмалку што можеме да направиме е го почитуваме нивното дело, да ги споменуваме и вечно да се потсетуваме на нивните херојски дела.
Почивајте во мир. Вечна Ви слава јунаци!
1ivo