|
||
| ВМРО-ДПМНЕ со демант на изјавата на Спасовски, 2019та не е Чулев министер, туку Оливер Спасовски |
|
Во изјава за Ал Џезира Спасовски изјави: Слушам во изјавите кои ги даваат деновиве дека станувало збор за една патна исправа која е издадена на 29 јануари, 2019 година. Па, кој беше тогаш министер?“- праша Оливер Спасовски. На 29 јануари 2019 министер е Спасовски, и тој го издал пасошот на наркобосот Валид Иса Хмаис. Или Спаовски не знае во која година живее, или намерно сака да манипулира. 2019 година министер е Оливер Спасовски. Изборите и техничка влада е 2020 година. Нема лек за лагите на Спасовски евидентен доказ дека е извор на лажни вести и главен логистичар на мафијата. Тоа што денеска проба да се вади на Чулев покажува дека му е повеќе од јасно дека е виновен и дека е фатен во криминал до гуша. Колку и да се труди да манипулира и колку и да прета, одговорност ќе има. |