Сабота, 27 Март 2021    Печати
Погледнете го својот народ, погледнете ги колоните возила, тоа е вашиот срам

165781653 1827827874059330 1187025376455984030 n

Христијан Мицкоски: Денешните колони на возила за соседна Србија најдобро ја покажуваат бедата и неспособноста на владата и Зоран Заев

Денес колоните возила за соседна Србија најдобро ја покажуваат бедата и неспособноста на владата и Зоран Заев. Тоа покажува и колку народот им верува на властите кои најавија вакцини за утре.

Државата постои за да им служи на граѓаните, само кај нас државата постои за да биде крадена од власта.

Македонија живее полоши години од деведесеттите, стигнавме до таа точка народот сам да се снаоѓа и бори за живот, кога веќе тоа не го прави Владата.

Порака до власта: погледнете го својот народ, погледнете ги колоните возила, тоа е вашиот срам.

Ова нема да се заборави, одговорност ќе има.