Сабота, 27 Февруари 2021    Печати
Маричиќ глуми - „Не сам знајала“

22480 vlada.mk

Заев од опозиција лажеше и палеше народ дека има друга вистина за „Монструм“, а сега Маричиќ глуми - „Не сам знајала“

Соопштение до јавноста, реакција на изнесените ставови на Бојан Маричиќ за дневникот на Сител

Зоран Заев од опозиција лажеше и палеше народ дека има друга вистина за Монструм, ветуваше докази и нов процес, за на крај да се испостави дека лажел, но народот кој го запали остана да протестира и да негува сомнеж.

Заев е виновен што за ситни политички поени лажеше и играше на чувствата на народот. А Маричиќ сега глуми - „Не сам знајала“.

Провидно е кога Маричиќ зборува за реформи во судството и можни пропусти во случајот како тој со Мијалков. Маричиќ и неговата партија се 4 години власт во Македонија и секој еден пропуст е нивна вина.

Хаосот и недовербата во институциите, како и деградирањето на правото е вина само на СДСМ, и тие се што прават е само зголемување на тој хаос.

ВМРО-ДПМНЕ