Четврток, 14 Јануари 2021    Печати
ВМРО-ДПМНЕ нема да го признае пописот

2a

Тешко на Македонија ако криминалец со предавнички политики како Заев ги брои Македонците.

СДСМ со сила сака да направи монтиран попис во Република Македонија.

Додека земји од регионот и Европа го одложуваат пописот поради пандемијата, владата предводена од Зоран Заев е решена по секоја цена да го спроведе.

Заев против волјата на граѓаните е спремен да направи политичка, а не статистичка операција.
Никој во Република Македонија не верува во попис спроведен од Зоран Заев, без консензус на политички и општествени чинители.

Затоа ВМРО-ДПМНЕ нагласува дека ќе започне иницијатива на собирање потписи во министерството за правда и како резултат на тоа собирање на потписи и таа иницијатива ќе достави предлог закон во Собранието со кој што ќе се предвиди поништување на овој закон.

ВМРО-ДПМНЕ нема да го признае пописот.

ВМРО-ДПМНЕ