Среда, 16 Декември 2020    Печати
Дијаспората загрижена поради самоубиствената политика на Зоран Заев

1dusan

Macedonian Literary Association “Grigor Prlichev”

Македонско Литературно Друштво

„Григор Прличев“

                             

До: Стево Пендаровски, Претседател на Република Македонија

Почитувани Пендаровски,

Членовите на Литературното друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј се загрижени од несовесниот и неукиот однос на премиерот Зоран Заев во однос македонската историја, идентитет и јазик. Не е прв пат Зоран Заев што ја оцрнал македонската нација. Тој без никаков политички консенсус и против вољата на Македонците склучи дискриминаторски и уништувачки договори со Атина и Софија, а со тоа ги продаде и уништи корените на македонската нација: историјата, културата, јазикот.

Она што Грците, а сега и Бугарите го бараат е засновано врз нивната нацистичка идеологија и за нас е понижувачко, а она што Зоран Заев и неговите приврзаници го изјавуваат и дозволуваат на штета на Македонците е уште повеќе понижувачко и разочарувачко.

Владата нема никаква почит кон македонската оставштина и кон сите оние преродбеници и револуционери кои ги дадоа животите за Македонија.

Да Ве прашаме Г-дин Пендаровски,ако Зоран Заев нема никаква почит кон Македонската нација, тогаш зошто се уше е на власт да ровари во Македонија?

Нам ни е познато дека последните избори беа фалсификовани и повторно Зоран Заев е поставен на власт од САД, а подржан од ЕУ за да ја уништи Република Македонија и истата се апсорбира во некаква си голема Бугарија и голема Албанија. Зоран Заев и неговата СДСМ ги исполнува барањата и аспирациите на соседите, а ја лаже македонската јавност за можен влез во ЕУ.

Поаѓајќи од горново можеме само да заклучиме дека Зоран Заев е  слуга на Бугарите, Грците и Албанците и поради тоа го прогласуваме лицето Зоран Заев непријател број 1 за македонската нација и како таков бараме да се елиминира од сегашната влада.

Исто изјавуваме и ги подржуваме барањата на Македонската Обединета Дијаспора  и Светскиот Македонски Конгрес за прекинување на сите преговори со Бугарија и отповикување на сите досегашни „договори“ со Атина, Софија и Тирана. Истите беа потпишани од нелегално избрана влада и против вољата на народот и како такви за нас Македонците во Македонија и Дијаспората не се прифатливи.  За Македонците, идентитетот е иднината, а не влезот во ЕУ.

Нема ние на никого да им се докажуваме кои сме и да им подлегнуваме на барања кои се против нашиот национален интерес. Каде и да сме, ние сме Македонци! Си ја знаеме нашата историја, култура и јазик. Си ја сакаме Македонија, таа е во нашиот ген во нашите корени и нашиот дух и свест.

Никогаш „С“ – секогаш Македонија!

Со почит од членовите на Литературното друштво „Григор Прличев“

Душан Ристевски- Претседател