Македонските власти да не подлегнуваат и по ниту една цена, да не прифатат било која од бугарските уцени за јазикот, историјата и идентитетот, преку отворено писмо побараа 62-ца македонски интелектуалци. Таму велат дека тие уште пред три години, аргументирано и јасно укажале на асиметричниот карактер на договор со Бугарија, како и за последиците, кои произлегоа од истиот.
-Едногласна е нашата определба да го повикаме македонскиот политички врв да не подлегне на притисоците и да не дозволи присвојување на македонската историја, на македонскиот јазик и на македонското културно наследство, како и негирање на македонскиот национален идентитет од страна на Република Бугарија или на која било друга земја, зашто тоа е во спротивност и со вредностите и со принципите на кои е изградена и функционира Европската Унија, се вели во писмото.
Меѓу потписниците на ова писмо се универзитетските професори Наташа Котлар Трајкова, Тодор Чепреганов, Михајло Миноски, Виолета Ачкоска, Илија Велев, Симона Груевска- Маџоска, Елка Јачева- Улчар, Јованка Кепеска. Според нив посебно проблематичен е односот на бугарските власти кон Македонија.
-Токму затоа ние, потписниците на ова писмо, најостро реагираме на негаторската политика што ја застапува бугарската влада и уште еднаш најенегрично изјавуваме дека историјата на македонскиот народ, македонскиот јазик, македонската култура и литература, односно сето она што го дефинира македонскиот идентитет не смее да биде основа за политички диктат, ниту предмет на расправа на т.н. заеднички комисии, се вели во писмото.
Македонските интелектуалци потпишани во писмото, велат дека укажувале и на сериозните обврски што ги презема Македонија со потпишувањето на Преспанскиот договор со Грција, што според нив не резултирал само со промена на уставното име туку и со откажување од асномските државотворни одлуки.
Потписници:
проф. д-р Новица Велјановски
проф. д-р Нада Јурукова
проф. д-р Тодор Чепреганов
Ефтим Клетников, поет и книжевен критичар
проф. д-р Наташа Котлар-Трајкова
проф. д-р Михајло Миноски
проф. д-р Лилјана Гушевска
проф. д-р Виолета Ачкоска
проф. д-р Илија Велев
проф. д-р Симона Груевска-Маџоска
проф. д-р Ѓорѓи Чакарјаневски
проф. Запро Запров, копозитор и диригент
проф. д-р Катерина Младеновска-Ристовска
проф. д-р Танас Вражиновски
проф. д-р Александра Ѓуркова
проф. д-р Валентина Миронска-Христовска
проф. Стојан Стојков, копозитор
проф. д-р Александар Трајановски
проф. д-р Елка Јачева-Улчар
проф. д-р Александар Атанасовски
проф. д-р Веселинка Лаброска
проф. д-р Јованка Кепеска
проф. д-р Гоце Цветановски
проф. д-р Силвана Сидоровска-Чуповска
проф. Сашо Татарчевски, диригент
проф. д-р Васил Јотевски
проф. д-р Константин Миноски
Фима Клетникова, поетеса
проф. д-р Коста Аџиевски
проф. д-р Тони Филипоски
проф. д-р Марјан Ивановски
проф. д-р Катица Јосифова
проф. д-р Благоја Марковски
доц. д-р Славчо Ковилоски
проф. д-р Мишо Нетков
проф. д-р Верица Јосимовска
проф. д-р Цветан Гавровски
проф. д-р Слободан Пренџов
проф. д-р Виолета Мирчевска
проф. д-р Билјана Маленко
проф. д-р Стеван Алексоски
проф. д-р Илија Димовски
проф. д-р Ристо Ачкоски
проф. д-р Мимоза Серафимова
проф. д-р Ѓоко Буневски
доц. д-р Соња Николова
д-р Ѓорѓија Сајкоски, историчар
м-р Ивона Опетческа Татарчевска, етномузиколог
д-р Марија Мицајкова – Панова, лекар-интернист
Јонче Маленко, професор по историја
Слободанка Филиповска, професор по историја
Селим Мерсимовски, професор по историја
Доне Донев, профeсор по македонски јазик
Љубинка Донева, професор по македонски јазик и писателка
Дардан Венетски, диломиран правник
Александар Панов, дипломиран правник
Лидија Николоска, дипломиран електроинженер
Душко Христов, новинар од областа на културата
Нада Панајотова, професор по историја
Кире Николоски, професор по историја
Марија Јанева, професор по историја
Диме Јуруков, професор по географија, архиски советник
Матеја Петровски
Видео: https://youtu.be/UZqnvbt4rQg?t=76
https://alfa.mk/makedonski-intelektualczi-so-poraka-vlasta-po-nitu-edna-czena-da-ne-podlegnuva-na-bugarskite-uczeni/