Четврток, 27 Август 2020    Печати
ОК на ВМРО–ДПМНЕ Радовиш ја одржа традиционалната 30-та јубилејна Комитска вечер

1OK-Radovis

Во организација на ОК на ВМРО–ДПМНЕ од Радовиш, на 27 август 2020 година, се одржа традиционалната 30–та по ред јубилејна Комитска вечер.

Традиционално, Комиската вечер се одржа во очи на големиот македонски христијански празник „Пресвета Богородица“, во манастирската црква „Св. Ѓорѓи Победоносец“ во с. Ораовица.

1radovis veterani 1

Пред присутните членови и гости, се обрати претседателот на ОК ВМРО-ДПМНЕ во Радовиш г. Станко Манчевски кој го истакна задоволството од одржувањето на оваа јубилејна Комитска вечер, која, поради строгите протоколарни безбедносни мерки поради короната кризата, се одржува поскромно и со скратена програма. Беше одслужена панихида за сите паднати борци, поранешни и сегашни, кои животите ги положија на олтарот за слободна  и независна Македонија.

Според заветот на основачите на ВМРО–ДПМНЕ од Радовиш од далечната 1990 година, било одлучено, во духот и традицијата кои ги негувале старите комитски дружини на тогашното ВМРО, да продолжи ова дружење како восклик, но и повик, за единство на сите членови на тогаш новоформираната партија ВМРО-ДПМНЕ за стабилност и напредок на ново прогласената Република Македонија во 1990 година.

Исто така, Ветераните, сите членови и симпатизери собрани на оваа јубилејна Комитска вечер во Македонското светилиште во Радовиш му дадоа целосна поддршка на раководството на ВМРО-ДПМНЕ и Претседателот Христијан Мицкоски, во одбрана на ВМРО-ДПМНЕ, националните интереси на нашата Македонија и Аманетот.

На Тие кои се обидуваат да и наштетат на Партијата, им беше порачано дека сплотеноста во ВМРО ДПМНЕ е преголема за да го попречат успешниот пат на Партијата по кој ја води претседателот Христијан Мицкоски.

Вечно ВМРО-ДПМНЕ!

Вечна Македонија!

ОК на ВМРО-ДПМНЕ

Радовиш, 27 август 2020 г.

1radovis veterani 4

 

1radovis veterani 3

1radovis veterani 6

1radovis veterani 8

1radovis veterani 9

1radovis veterani 11

1radovis veterani 12

1radovis veterani 10

1radovis veterani 13

1radovis veterani 14