Петок, 10 Јули 2020    Печати
Соопштение на Македонски Национален Совет

1mns

Почитувани сестри и браќа, Македонки и Македонци!

Ние од Македонскиот Национален Совет би сакале пред се да споделиме став по прашањето на предвремените парламентарни избори што ќе се одржат на 15ти јули 2020 год. и да го образложиме истиот. Според нас, сега на овие предвремени парламентарни избори пред се е важно повеќе од било кога во поновата историја на Македонија да излеземе и да се гласаме во што поголем број. На нашата татковина Македонија тоа и е потребно, Македонија тоа го бара од нас!

Македонскиот народ секогаш во историјата имал осет за вакви моменти и знаел зрело да пресече, обединет и непокорен со крената глава да пресуди во своја полза - да даде подршка за иднината на татковината и да победи.

Ова зло кое во форма на квинслиншка власт донесена на нелегитимен начин во 2016та година се надвиснала над нашата татковина мора да се порази. Без сомнение нашата татковина е тешко нападната од внатре, една бандитска дружина која водена исклучиво од личен интерес е спремна се да жртвува само за да остане на власт. Веке го жртвуваа нашето Вековно име а потоа и жртвуваа многу други елементи кои за нас Македонците се од врвен национален интерес. Генерации Македонци животи даваа за сето она кое оваа криминална власт преку ноќ го распродаде.
Ние се сомневаме, не, Ние сме сигурни дека ова е само почеток и тие водени чисто од злоба и личен интерес ќе жртвуваат многу повеќе од ова кое од 2016 до денес го изгубивме. Затоа Македонки и Македонци ние мораме во што поголем број да излеземе на овие парламентарни избори и ова зло да го поразиме!
Апстинирање на овие избори значи смрт за Македонија и легално предавање на сето она кое нашите предци го граделе низ историјата. Апстинирањето на овие избори значи сме поверувале во антиМакедонската лага за тоа дека Македонија веке ја нема и со тоа своја Македонска држава немаме.
Не!
Ние тоа нема да го дозволиме. Ние ќе излеземе на парламентарните избори. Македонскиот Национален Совет Ве охрабрува сите Вас Македонци, сплотени, од сите страни на целиот свет да се сретнеме во Македонија и ова големо зло да го поразиме.

Нашата идеја за периодот по парламентарните избори е пад на квинслинзите и формирање на нова Македонска патриотска влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Влада каде што сите Македонски родољуби ќе се соберат во законодавниот дом на Македонија и ќе започнат процес за возобновување на нашата национална држава. Ние тоа од ВМРО-ДПМНЕ како партија за Македонско Национално Единство го очекуваме, тие нас Македонците несмеат и нема да не изневерат. Ние заслужуваме своја држава, ние заслужуваме да чувствуваме мир во душата под убавото слободно Македонско небо.

Да живее Мајка Македонија!

Со неизмерна почит кон секоја Македонка и Македонец,
Македонски Национален Совет

10.07.2020