Среда, 08 Јули 2020    Печати
Фејсбук статус на Весна Жежовска

1VZ Весна Жежовска

Почитувани нашинци, искрени Македонци, распрскани сме насекаде по светот, но сите не зближува мислата и љубовта кон нашата татковина Македонија, заедничките корени и непокорот.⚫️????
Во последните 3 години ние македонците доживеавме разни понижувања,изгубивме многу битки, бевме сведоци на многу неправди, уцени, малтретирања, за криминалот и корупцијата да не зборувам❗️

Почитувани браќа и сестри, дојде време да ја покажеме љубовта кон татковината, дојде време да ја добиеме војната, да го покажеме непокорот, да го вратиме нашето достоинство, да кажеме стоп на неправдите, да побараме одговорност од велепредавниците и истите да одговараат за своите злодела❗️
Сега најмногу од се ни е потребно обединување, сплотено и заеднички да се бориме, да направиме нашите деца да бидат горди на нас како што ние сме горди на нашите предци❤️.
Секој од нас има Уставно загарантирано право на глас па и ние македонците во светот,како што знаете хунтата од страв тоа право ни го одзеде и покрај постигнатиот цензус???? Затоа е време да им кажеме дека постоиме, да им ставиме крај на нивните валкани игри❗️Македонци да се обединиме, време е доброто да го победи злото❗️Затоа секој од нас којшто се наоѓа во Македонија или планира да патува,нека го направи тоа на 15 Јули, да ги потсетиме и нашите роднини и пријатели во Македонија да го остварат своето право на глас и да гласаат за #ОбноваНаМакедонија 1️⃣4️⃣ да придонесат во борбата за опстанокот на нас како Македонци. ❤️????????????
#ЗаИметоИдентитетотЈазикот ✍️1️⃣4️⃣
#ЗаОбноваНаМакедонија ✍️1️⃣4️⃣
#ЗаДостоинството✍️1️⃣4️⃣