|
||
| Зоран Заев мора да замине во историјата |
Светислав ВасевОвие избори се шанса и за сите членови на СДСМ, кои сакаат Македонија да оди напред, да не излезат на гласање и со својата апстиненција да го почнат процесот на реформирање на сопствената партија.
Зоран Заев мора да замине во историјата. Тој ја срами државата кај ќе стигне.
Во разговор со пранкери ветува дека ќе затвори и аеродром доколку треба. Внимавајте! Разговор со пранкери! Кои се претставуваат како некое дете активист...
Оваа држава има систем но Заев по се изгледа тоа не му значи ништо. Застрашувачки е што Заев се согласува на се што ќе му биде побарано од некој кој што тој мисли дека има меѓународно влијание.
Тоа не води кон неколку прашања:
- Колку одлуки донел Заев, затоа што така некој му рекол?! Или пак уште полошо, затоа што така некој се мајтапел со него?!
- Дали смени име, склучи договор со Бугарија, итн... само затоа што некој така мислел?!
Во СДСМ има искрени луѓе, чесни, кои си ја сакаат државата. Ставете прст на чело! Ве води човек што паѓа на детски фори од средно школо. Не му е првпат. Ова му е трет пат. Еднаш во опозиција кога се фалеше дека ќе пука, па пола година го лажеа руски пранкери дека разговара со Порошенко, па и броеви од амерички дипломати им даваше, за сега и со Грета да разговара...
Секој еден глас за Заев е глас за самоуништување на себе и сопствената нација!
|