|
||
| Никогаш не гласав против докторската фела и правата на сите вклучени во здравствениот систем! |
Ванковер МанчевВе охрабрувам Вам, дволичните, колеги доктори/ки и медицински персонал, но и сите вие како пациенти, да напишете кратко, само едно нешто што е подобрено во болницата во Струмица за овие три години ! Значи ... само едно ... едно !
Јас можам да се гордеам дека во текот на мојот мандат како пратеник #секогаш се борев за подобро здравство и за подобри услови за работа и на здравствените работници и на пациентите!
За жал, имав мандат во опозиција, но и од таква позиција покренав многу иницијативи и амандмани за здравството, подржав заедно со сите пратеници од ВМРО ДПМНЕ сите промени кои беа во подобра насока од постоечките закони !
Никогаш не гласав против докторската фела и правата на сите вклучени во здравствениот систем!
Критикував и од денешен аспект се покажува дека моите критики биле основани и таквите одредби денес не се функционални ( пример за задолжителен шестмесечниот стаж пред специјализација, за дошолнителна дејност на докторите) ! Поставував прашања за кои не доби јавноста одговор !
Од ветувањата на оваа влада за здравството не се реализира ама баш НИШТО, дури ни малку не променија од тоа што десетина година само критикуваа! Нема да набројувам за нивните ветувања ( листата е долга ) !
Нема да спомнувам ниту за необјавените физибилити студии, за упорно најавуваното приватно - јавно здравство,за новиот клинички центар, за распишаните и поништени тендери, за сите 250 барања на штотуку завршени доктори во последната една година да работат во Германија,
за оставката на директорот на ФЗОМ ...
На крај секој може да процени кој бил во право, дали здравствените работници се позадоволни, дали пациентите добиваат навремени и квалитетни здравствени услуги...
|