Среда, 17 Јуни 2020    Печати
Не го крадете Македонскиот народ бидејќи на целата националност навлекувате Божја казна

1z1z

Кражбите порано и сега

Оваа наша земја памети долга историја. Имала и добри, но и не така добри времиња, настани, луѓе, водачи...На неа се повикува и светската историја во контекст на освојување на територии, ширење на цивилизација, на христијанство, создавање на нови идеи..., но и во различни видови кражби - кражби на историја, на територии, на идентитет, на јазик, на пишано, па и непишано творештво, на материјални богатства, на финансиски средства...

Историјата ни’ ја крадел кој ќе стигне. Обично краде тој што нема, па така Грците ни’ ја краделе и ни’ ја крадат и си ја присвојуваат како да е нивна. Бугарите исто така. Лошо е што наши луѓе им помагаат во тоа присвојување и крадење.           

И териториите ни’ ги краделе сите соседи - и Грците и Бугарите и Србите и Албанците.

И пак, си ги присвојуваат како да се нивни, а нас не’ прават како виновни што темата за присвојувањето ја држиме отворена.           

Идентитетот и неговата кражба е посебна тема.

Иако генерации - и во подалечно, но и во скоро минато се бореле за тој идентитет, иако историјата докажува дека тој е наш, се најде некој што, и покрај колнењето во се’ најмило, дозволи да ни’ биде украден и таа кражба да биде “запечатена“ со некаква, правно невалидна спогодба-договор. И тоа не само една, туку со две.          

И јазикот сакаат да ни’ го украдат - бил нивен!!!

Па, како може да биде нивен кога тие на овие, сега нивниот дел од простори, се дојдени оддалеку, со себе донесле свој јазик, не им се допаѓал или не бил цивилизиран, го презеле нашиот како постар и посовршен, како дел од основната Европска и Средоземна цивилизација, во него внесле нешто од нивниот-донесениот, а сега и нашиот јазик бил нивен???           

Во однос на пишаното творештво, познато е дека пред триста-четиристотини години Ватикан од Охридската архиепископија има однесено товари црковни книги. Многу надворешни историчари со себе однесле бројни историски и културни артефакти што сега претставуваат богатство на многу музеи низ Балканот, Европа и светот, дел се од приватни колекции. Една од соседните земји ги користи и нашите народни песни како свои.          

Со териториите што ни’ ги украле ни’ украле и материјални богатства.

Но, поблиската историја памети и кражби на материјални богатства што се продавале за да може за другите делови од земјата да се набават основните производи за живот.           

Историјатот на кражба на финансиски средства сеуште трае - од пред Втората светска војна и особено по неа. Иако како на недоволно развиена република во рамките на поранешната заедничка држава ни’ се давани средства од Фондот за неразвиени подрачја, кога ќе се направеше споредба на средствата што ги добивавме и на средствата што ги уплатувавме во заедничкиот Буџет, ние не бевме во позитива, туку во негатива.

Другиот аспект на кражбата на финансиски средства беше во надуените цени на производите и услугите што ги купувавме од поразвиените републики, а што претставуваше типичен, перфиден, затскриен облик на одлевање на средства-кражба.

За помладите: организацијата на производството и воопшто, стопанскиот систем беше таква што во помалку развиените републики се дозволуваше устројување само на производство што дотогаш не постоело во поразвиените републики, односно производство за кое поразвиените републики ќе дадат согласност или за кое немаат интерес.

Новото производство не можеше да претставува конкуренција на нивното! А во тие поразвиени републики веќе имаа воспоставено производство на производи со повисок степен на обработка и доработка, таквите производи се пласираа и во помалку развиените републики, значи и кај нас, по цени што ги одредуваа поразвиените републики, значи надуени, а помалку развиените републики немаа можност да увезат исти или слични производи по поповолни цени!!!

Овој начин на одлевање на средства најдобро се виде по осамостојувањето на земјата, односно по распаѓањето на заедничката држава - се увезуваа такви производи по поповолни цени, можеби и со понизок квалитет, но сепак поевтини, а кога претпријатијата од поразвиените републики го изгубија нашиот пазар, истите производи мораа да ги продаваат по пониски, реални цени.           

Во времето на заедничката држава, како и неколку години по осамостојувањето, таканаречениот социјализам, немаше пообемни кражби, барем не кражби за кои се дознаваше во јавноста. Тоа траеше додека тие на власт, замислете, претходниците на сегашниве социјалдемократци, не сфатија дека сега нема кој “одозгора“ - од Федерацијата да ги контролира и - започнаа кражбите.

Ако порано, при поголеми набавки, се гледаше да се намали износот што требаше да се плати, после тоа износот се зголемуваше, а разликата во средствата продавачот му ја пренесуваше на купувачот. Ваквиот начин на одлевање на средства кој, значи, не постоеше во социјализмот, ни’ го донесоа странците. Тие ни’ го донесоа и терминот и категоријата “провизија“.           

Нечесните набавки се намножија толку многу, постанаа толку бескрупулозни и видливи што дури и на странците им запречи па ни’ наложија да воведеме систем на јавни набавки. Овој систем воведе каков-таков ред во набавките, но провизијата како категорија остана. За жал, остануваа доста затскриени можности за надувување на цените, барем за износот на провизијата.          

Една од првите масовни кражби на Македонски имот се направи со откуот на општествените станови од страна на нивните корисници. Станови со пазарна вредност од десетици илјади тогашни Германски марки нивните корисници ги откупија за три-четири илјади Германски марки и помалку. Во истовреме лицата што немале општествен стан, становите што ги купуваа ги плаќаа по пазарни цени. Значи, по овој основ државата изгуби огромни износи.           

Имаше и доста други методи на кражба на државните пари.

На пример, пред воведувањето на данокот на додадената вредност (ДДВ) во примена беше данокот на промет на производи и услуги според кој во Буџетот на државата, но и на општините се слеваа одредени износи на средства. По воведувањето на ДДВ приливите на средства по овој основ се зголемија значително, да не речеме двојно. Тоа значи дека на даночните обврзници им одговараше системот на ДДВ да се воведе колку што е можно подоцна. Ете тоа и се случуваше: неговото воведување се одолговлекуваше на сите можни начини, практично додека работите во свои раце ги зеде Никола Груевски како Министер за финансии. Оттука, може да се заклучи дека и на вакви начини се вршела кражба на пари од државата.           

Особено големи кражби се направија со приватизацијата.

Многу добростоечки претпријатија беа откупени - без пари - од страна на група тогашни раководители. Претпријатијата што опстанаа сега ги водат тајкуни. Во нив работат наши луѓе за минимални плати, а разликата до вистинската вредност на трудот си ја ставаат тајкуните - во својот џеб. Уште и вработените треба да бидат задоволни што со својот труд на овој начин обезбедуваат каква-таква егзистенција за себе и за своите блиски. За проширување на материјалната основа, за образование на помладите, за некаков луксуз за вработените - место нема. Значи, ваквите кражби продолжуваат и сега!!!          

Е, по последната промена на власта работите драстично се сменија - поволни за кражбите, неповолни за државата и за народот.

Ако порано јавните набавки се извршуваа и за нив се добиваа затскриени провизии, вообичаено во износ од 1 до 5% од износот на јавната набавка, сега некој ги зема сите средства, вклучувајќи ги и средствата за провизијата, значи се земаат не 5%, туку 100%, а јавната набавка не се извршува.

Измислена е перфидна метода за кражба: се предвидува јавна набавка (под јавна набавка се подразбира и јавна инвестиција во патишта, згради, јавни објекти и слично), во Буџетот на државата или во буџетите на единиците на локалната самоуправа, односно на јавните претпријатија се предвидуваат и се обезбедуваат средства за истата, парите се одвојуваат, инвестицијата започнува, обезбедените средства се префрлаат на други сметки, а инвестицијата запира затоа што за истата повеќе нема средства!!! Кои се тие “други сметки“?          

Откако е дојдена оваа власт се’ повеќе слушаме за набавки без тендер за јавна постапка, таканаречени набавки во четири очи. Замислете, и Комисијата за јавни набавки им пречеше па и таму вмешаа прсти.          

Чудна е и следнава работа: приходите на општините и на Градот Скопје на годишно ниво се исти, ако не и поголеми во однос на приходите во времето на претходната власт. Тогаш имаше градби, а сега нема градби, нема инвестиции.

Така, приходите на Град Скопје на годишно ниво изнесуваат околу 180 милиони Евра. За три години тоа се 540 милиони Евра  Се поставува логичното прашање - каде се сега тие средства или уште полошо, дали некој им ги зема средствата на општините и ги остава без пари?

Тоа може да се насети и од однесувањето на сегашните градоначалници, на чии лица се гледа некаква вина. А и примерот со продажбата на Градската куќа во Град Скопје е доста индикативен. Се продаде готов објект, се наплатија големи пари, а не знаеме каде завршија. Од некакви слични причини Градот Скопје веројатно смеша прсти и во преземањето на депонијата Дрисла. Има и други примери, како на пример, заведување на јавноста дека во Карпош ќе се прави парк, а од локацијата се копа песок, некаде се носи и на тоа место се фрла комунален отпад, бездушно не водејќи сметка дека овој отпад е во ептен непосредна близина на бунарите од кои со вода за пиење се снабдува градот.           

Подолго време се слуша дека од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија пензии се исплаќаат и на “мртви души“, односно на веќе починати лица. И ова претставува еден вид кражба, особено ако се знае дека Фондот нема доволни приходи за нормална исплата на пензиите.

Ова мора да се испита и или да се потврди или да се отфрли.          

Ако се потсетиме на настаните околу епидемијата со Ковид 19, ќе може да се утврди дека на почетокот немаше доволно средства за набавка на потребните материјали и заштитни средства за борба со епидемијата. Се поставува прашањето: дали навистина немало средства или на некој не му се давале парите што си ги планирал за себе, па борбата изгуби уште во стартот.

Се има чувство дека истото се случувало и кога требало да се исфинансираат активности и набавки во текот на целата епидемија, па не биле направени доволно тестови, немало доволно опрема и средства за здравствените работници и за полицијата, не биле набавени апарати за поддршка на дишењето ...           

Кога се планира, односно се проектира голема инвестиција, како што, на пример, е автопатот Кичево-Охрид, проектот минува низ ригорозни проверки, разгледување на повеќе варијанти, изготвување на стручна ревизија на проектот и добивање на согласност од страна на ревидентите. Притоа постојано се води сметка за чинењето на инвестицијата и нејзино намалување. И проектот за наведениот автопат поминал низ истите фази и како таков бил прифатен од Кинеската банка, која имала огромно искуство со вакви проекти.

Како е сега можно, откако овие беа насадени на власт, проектот да е толку утнат (се пласира глупа идеја дека автопатот бил изведен обратно!!!), да се бара, за жал и да се добие зголемување на износот на инвестицијата за сума со ред на величина од стотина милиони Евра или Долари, а потоа работите или да запираат или да се одвиваат бавно.           

Настаните од 27 април започнаа да се квалификуваат како терористички, антидржавен акт речиси една година по нивното настанување. Оттогаш јавноста не престанува да биде замајувана со обвинувања и судења што немаат основ. Може да се претпостави дека овие и други настани, вклучувајќи ги и работите околу обезбедувањето на кворум заради потпишување на срамните спогодби со Грција и Бугарија, со законот за јазиците, се правеле и сеуште се прават за да се оттргне вниманието на јавноста од други одлевања (читај кражби) на огромни средства од Буџетот и од други извори, од огромните задолжувања на државата, без полагање сметка пред некого.

Да не се заборави дека еден период Претседателот на Владата беше воедно и Министер за финансии и во тоа време тој располагаше со средства вредни стотици милиони Евра -без накаква контрола. При ова, никој не се праша колку ќе ја чинат државата овие судски и други постапки, од кои средства ќе се платат, што друго можело да се направи со тие средства ...          

Може да се претпостави дека огромните задолжувања во земјата и во странство се правени со цел државата да се направи презадолжена, да не може да ги врати долговите и да пропадне.           

И воведувањето на “евтина струја“ во текот на денот може да се смета за перфиден облик на кражба на народни пари.

Имено, “евтината струја“ претставува чиста техноекономска категорија, односно изнаоѓање потрошувачи за електричната енергија што мора да се произведува во периоди кога е намалена редовната потрошувачка - ноќе, во периоди на паузи во текот на денот, а капацитетите за производство на електричната енергија не можат сосема да запрат. Во тие периоди се воведува пониска тарифа, таканаречена “евтина струја“. Ова кај нас со дневната “евтина струја“ не претставува техноекономска категорија ами обезбедување на потрошувачи и во текот на денот, иако таа енергија во тој период од денот мора да се увезува-од страна на овластени увозници, но по цени што се над цените на “евтината струја“, а разликата ја плаќа државата, односно народот!           

Има сериозни индикации дека и на Сорос му се префрлени огромни средства како компензација за финансирањето од негова страна на “шарената револуција“ и слични невладини организации. Тие што ги знаат работите подобро велат дека Сорос најпрвин финансирал вакви немири и активности, за потоа, откако “неговите“ ќе дојдат на власт, неколкукратно да си ги поврати вложените средства.           

За вакви дејанија да се извршат потребно е Министер за финансии да биде дете и да можат да си играат со него.           

Голем дел од ова можеби не е точно. Но, со овие на власт не може да се провери. Заради тоа, потребно е да бидат сменети и новата власт да ги испита сиве наводи и ако се неточни да ги отфрли, а ако се точни - да ги санкционира, без оглед на потребното време и ресурси. Бидејќи во прашање се барем една и половина милијарди Евра за три години - по половина милијарда евра годишно, тешко може да се претпостави дека државата, односно народот ќе може да си ги поврати сите средства или барем поголемиот дел.           

Еве уште два вистински настани:           

- Лице блиско на составувачов на овие редови пред повеќе години патувало со воз од Скопје до Белград. Во Белград утврдило дека му го нема кесето со парите и  документите. Неколку дена откако се вратило во Македонија, на домашна адреса му стигнало кесето со документите, без парите, но со еден динар во кесето. Тоа значело дека кесето му го украл професионален крадец, а денарот бил за да “му тргне“ на човекот, па и крадецот да има од кого и што да краде. И навистина, на лицето работите му тргнале - невозможно добро. Како ќе прават сиве овие што го краделе и сеуште го крадат Македонскиот народ?

Како и каде ќе оставаат денар за на државата да и’ тргне - ако сакаат да и’ тргне или ја крадат за да ја заглават? На оваа линија е и докажаната вистина дека тие што крадат клетвата ги стигнува не само нив, туку и неколку генерации по нив!!!           

Еден пријателски совет на припадниците на одредена националност на која припаѓаат горенаведените тајкуни: не го крадете Македонскиот народ бидејќи на целата националност навлекувате Божја казна. Таа еве и сега се огледа во намалување на бројот на жители, преку раѓање на едно дете или неможност за раѓање ниту на едно дете, со мажење на девојките за припадници на друга националност губење на вашиот идентитет на идните деца.

Имам премногу пријатели од вашите припадници и не ми е мило ова што се случува. Се плашам дека нешто слично ќе им се случи и на Албанците во Македонија ако и тие започнат или продолжат да се однесуваат неповолно кон своите соседи Македонци.

Ништо подобро не може да се очекува и за Македонците кои го краделе и го крадат својот народ.

Мирко Трпески