Среда, 17 Јуни 2020    Печати
Заев во Љубојно - Слушам и не ми се верува каков хипокрит со лице-ѓон
1bobБобан Максимовски
 
Збори како трендафили да сади, сади трендафили без корен. Центар за промоција на македонскиот јазик-преубав трендафил. Зошто е без корен? Затоа што идејата му е спас пред бура, да имаше корен Центарот ќе се оформеше непосредно по Преспанскиот договор, ќе инвестираше во објект што ќе може да се употребува.
 
Вака мора подалеку од старото училиште да стои и да дава интервју.да не му се сруши единствениот зид од објектот на глава. Заев рече и не се засрами: "Македонскиот јазик е нашето минато, нашата сегашност и нашата иднина.....нашето вчера, денес и утре... 
Македонскиот јазик е нашата насушна потреба, како лебот што го јадеме и како водата што ја пиеме!"
 
Така е, ама тоа се туѓи зборови во неговата уста, тоа се зборови на патриоти, не на политичари што во Тирана зборат едно, во Софија ветуваат друго, а нас предизборно ни мачкаат очи.
 
Друг трендафил без корен- Горд бил на Илинден, на Асном! Хероите од Илинден на послужавник му ги подаде на Борисов а борците од Асном ги маргинализира.
Трендафил за мерак- Денес имаме горди граѓани и држава која оди по вистинскиот пат.
Веројатно мисли на оној асвалтиран пат од 2-3 км што го изградија накај Блаце, зошто и покрај вратоломен и без преседан услов што ни беше поставен од ЕУ, како на ниедна земја пред нас, сигурно и после нас, патот кон ЕУ не ни се отвори.
 
Трендафил (овенат)"Да продолжиме по патот кој обезбедува подобар живот и повисок стандард!" -Мисли на повисок стандард од просечната плата од 500 евра што ја ветуваше на предходните избори? А подобар живот од овој во хибридната држава со корумпирана правда , рекетиран бизнис, уценети пратеници, колабирано здравство...?
 
Награда доби човекот 7 дена пред отпочнување на кампања (не веднаш по настанот потпишување на преспанскиот договор за што е наменета, или на годишнината), од германската фондација Фридрих Еберт Штифтунг формирана од СПД, сестринска партија на СДСМ.
 
Ние сме Балканци, ќе ракоплескаме, не разбираме зошто е таа награда сега доделена пред избори.
 
И нешто убаво и значајно да кажам што требаше како прво да оди, Честита 127 годишнина на ВМРО и 30 годишнина на ВМРО ДПМНЕ, партија што не фрла златна прашина во очите на кратковидите, партија запишана со крвави букви од почетокот, партија што континуирано се бори за опстојување на Македонија !