Среда, 17 Јуни 2020    Печати
Нека е среќен 30-от роденден на ВМРО-ДПМНЕ!

1Dragan

Денес го прославува 30-от роденден на најголемата Политичка Партија во Македонија-ВМРО-ДПМНЕ, нека Ни е со среќа роденденот.

1vmro2

Многу успеси и падови, достигнувања, надежи и разочарувања има во нашата вмро-ска приказна.

Денес меѓу нас го нема Гоце, Јане, Карев, Питу, идеологот на ВМРО-ДПМНЕ Драган Богдановски, Костадин Диневски-Динката и многу, многу други патриоти кои се вложија во ВМРО и ВМРО-ДПМНЕ, кои ни го трасираа патот по кој денес ние чекориме.  Но, нивниот лик и дело живее во нас, нивниот вмровски дух не поткрева и ни ја дава силата да истраеме во овие премрежија и да одиме само напред.

Ова е еден од моментите кога достоинствено можеме да извикнеме, Слава им на сите кои се бореле за Македонија!

Има некоја магија, некој аманет во тоа да се поистоветуваш со ВМРО, да се идентификуваш како ВМРО, утрата да ти почнуваат и денот да ти завршува вложувајќи во ВМРО и Македонија.

Ниту еден народ не може да се надева на среќна иднина ако нема историско паметење, ако нема став за минатото, ако заборавил кој е и што е, ако нема изграден однос кон сегашноста и визија кон иднината.

Некој денес се обидува да не натера да заборавиме на нашата многувековна и тешка историја, да заборавиме на страдањата на нашите претци, да заборавиме на македонството. Еве, ќе им порачаме дека тоа никогаш нема да го дочекаат.

Успеавме не само да го зачуваме аманетот на основоположниците на ВМРО-ДПМНЕ, туку и да го пренесеме на оваа денешна младина, која се повеќе ја спознава важноста и значењето на ВМРО-ДПМНЕ како политички субјект и како автентична македонска идеологија.

Успеавме да го воздигнеме нашето ВМРО-ДПМНЕ на пиедесталот, да му дадеме нов елан, Македонецот да верува во него како на единствена политичко-идеолошка матрица која го штити неговиот опстој и развој.

Денес ВМРО-ДПМНЕ е репер за успех, за градење, за достоинство.

Благодарение на сите кои се вложија а некои и го дадоа животот за Македонија, Таа денес застанува на стабилни нозе и покрај предрасудите што нашите политички опоненти ги имаат. Едноставно тие не можат да се помират со фактот дека некој е подобар и поуспешен од нив, дека некој знае да работи за народот, а не само да зема од него.

Стремежот на Македонците никогаш не умира, не запира, тој живее во секој од нас. Живее и во овие турбуленти времиња, кога еве повторно некој се обидува да ни го одземе нашето достоинство, да ни го одземе правото на свое определување.

Македонското неединство и поделеност е она за што во колективната историска свест на нашиот народ обично се вели дека е една од главните причини што Македонија досега ја немала целосно остварено својата државност.

Таквите подметнувања ги форсираат неколку незрели политичари, со  поттикнување на незадоволство.

Единството за кое ВМРО-ДПМНЕ се бори од денот на формирањето до денес е потреба како леб насушен, особено кога стоиме пред историската можност за остварување на виталните национални интереси.

Да му заблагодариме на Господ Бог, да им заблагодариме на сите македонски генерации што како аманет ни ја предаваа МАКЕДОНИЈА за да ја пренесуваме и ние, да и заблагодариме на судбината што не одбра токму нас, оваа генерација да подигне здравица во име на вековите.

Македонија ќе постои затоа што ВМРО-ДПМНЕ не е само партија, ВМРО-ДПМНЕ е идеологија.

Македонија е наша судбина, Македонија е наша обврска.

Нека е среќен 30-от роденден на ВМРО-ДПМНЕ!

Македонска нација