Недела, 05 Јули 2020    PDF Печати Е-пошта
Македонскиот народ ќе се мобилизира и решително ќе каже НЕ на катастрофалните политики на СДС

1m1Манојил (Мане) Јаковлески

Доколку се навратиме на македонски парламентарни избори од 1990 до денес може да се забележи следното:

Македонски парламентарни избори - 1990

Во 1990 година беа одржани првите парламентарни избори во Република Македонија (тогаш СР Македонија) по воведувањето на политичкиот плурализам. Во првиот круг на парламентарните избори одржани според мнозинскиот систем на 11 ноември 1990 година најмногу гласови освои дотогаш владеечката партија СКМ-ПДП (подоцна СДСМ), а во вториот круг најмногу гласови освои ВМРО ДПМНЕ, која доби најмногу мандати – 38. Тогаш СДСМ освои само 31 мандат.

Иако ВМРО ДПМНЕ победи на овие избори, поради распоредот на силите во Собранието, настанаа сериозни проблеми за формирање на влада. На крај се пристапи кон формирање на техничка влада и мандатот му беше доделен на Никола Кљусев, кој ја доби довербата од пратениците на Македонското собрание и стана прв премиер на македонската влада. Уверени дека ВМРО ДПМНЕ може да состави своја влада и Љупчо Герогиевски да стане премиер, експертската влада во август 1992 година си поднесе оставка. Но, наместо ВМРО ДПМНЕ, СКМ – ПДП (СДСМ), кој умешно со интриги ја водеше играта, формира своја влада.

Македонски парламентарни избори – 1994

Парламентарните избори во 1994 година се првите парламентарни избори кои се одржаа по стекнувањето независност на Република Македонија. Истовремено, на 16 и 30 октомври 1994 година за првапат се одржаа и непосредни претседателски избори. Победа издвојува Сојузот на Македонија предводена од СДСМ, откако опозицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ го бојкотираа вториот круг на гласање. Иако анализите покажуваа дека во вториот круг на гласање ќе имаат повеќе гласови, веднаш по првиот круг, поради основани сомевања во регуларноста при првичното гласањето, како и можноста од сериозни нарушувања на изборниот процес во вториот круг, ВМРО-ДПМНЕ и Демократската партија решија да апстинираат. СДСМ повторно успеа со интриги да го исфрли ВМРО-ДПМНЕ од парламентарната трка, по што без конкуренција победи и владееше апсулитистички четири години. Периодот од 1994 до 1998 година ќе остане запаметен како темен период кога целосно згасна македонската демократска пролет и започна долгата пролет на тоталитарна власт. Тоа е време без дијалог, тоталитарен режим на СДСМ, кога тој ќе ги постави основите за ескалација на меѓуетничките односи во земјата.

Македонски парламентарни избори (1998)

Тоталитарниот режим кој го воспостави раковоството на СДСМ, народот ќе го казни на парламентарните избори во 1998 година. На изборите кои се одржаа на 18 октомври и 1 ноември 1998 година според мешовит изборен систем, победи ВМРО ДПМНЕ, која по изборите формира влада со Демократската алтернатива и Демократската партија на Албанците.

Меѓутоа, неместо прогрес и земјата да се развива како граѓанска демократија, во 2001 година земјата беше втурната во етнички конфликт, кој СДСМ со разни интриги, закани и уцени, го искористи да влезе во власта, во таканаречената широка коалиција. Како резултат на политичките игри на СДСМ добивме спорен Рамковен договор, со кој се промовира и легализира насилството како начин на постигнување на политички цели.

Македонски парламентарни избори (2002)

Разочарани од капитуланскиот однос на владата на Љупчо Георгиевски, како и од ветувањата на СДСМ дека по 15 септември ќе има вработен по еден од секое семејство, народот го казни ВМРО ДПМНЕ на парламентарните избори во 2002 година. СДСМ за првпат и веројатно последен пат победи чисто на едни парламентарни избори, кои се изведоа по пропорционален изборен систем

Сепак, победата на СДСМ скапо ќе го чини македонскиот народ. За време на нивното четиригодишно владеење во коалиција со Демократската унија за интеграција, формирана од страна на ОНА, која претходната година го предизвика конфликтот, беше извршена промена на Уставот и новата територијална организација на локалната самоуправа, што за многумина граѓани на Македонија не беа прифатливи. Стружани тогаш најдобро ја почуствуваа репресијата на актуелната власт кога се спротивставија на албанизацијата на градот. Тогаш народот сфати кон каде ги води полтиката на СДСМ.

Македонски парламентарни избори (2006)

На следните парламентарните избори кои се одржаа на 5 јули 2006 година, народот го казни СДСМ. На изборите победи опозицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, која потоа формира влада. Всушност, изборите во 1998 и 2006 година беа најрегуларни избори од воведувањето на повеќепартискиот плурализам во 1990 година.

Под раководство на лидерот на победничката партија Никола Груевски, ВМРО започна да реди успеси. Но, овие успеси му сметаа на опозициската СДСМ кој правеше се за да ја сруши владата на Никола Груевски или да стане дел од власта. Ваквото однесување на опозицијата, како и неуспешниот Самит на НАТО во Букурешт (3 април 2008), кога Македонија не беше примена во алијансата, ќе биде причина да се оди на предвремени парламентарни избори.

Македонски парламентарни избори (2008)

Предвремените парламентарни избори во Република Македонија се одржани на 1 јуни 2008 година. Тоа беа први предвремени парламентарни избори од осамостојувањето на Република Македонија во 1991 година. Иницијативата за вонредни избори била поддржана од страна на владејачката ВМРО-ДПМНЕ заедно со нејзиниот коалициски партнер Демократската партија на Албанците, додека опозициските СДСМ и ЛДП свесни за рејтингот гласале против.

Народот свесен дека неуспехот во Букурешт е поради ветото на Грција, повторно масовно му ја даде довербата на колацијата предводена од ВМРО ДПМНЕ. Тоа му даде полет на младата влада на Никола Груевски да продолжи со успешното менаџирање во време кога светот влегуваше во економска криза.

Македонски парламентарни избори (2011)

СДСМ како опозиција не мируваше. Постојаните опструкции и барање на опозицијата за нови избори ќе го натераат ВМРО ДПМНЕ да излезе на втори по ред предвремени парламентарни избори на 5 јуни 2011 година. На овие избори за првпат македонските државјани во странство избираа свои пратеници, откако оваа можност беше воведена со измените на Изборниот законик во 2008 година. И на овие избори победи коалицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ. Новата коалициона влада која ја предводеше Никола Груевски продолжи да реди успеси во справувањето со економската криза која го тресеше светот, потоа со невработеноста и т.н.

Македонски парламентарни избори (2014)

Свесни дека немаат доволен рејтинг, СДСМ ќе ги испровоцираните настани од 24 декември 2012 година во Собранието на Македонија, по кои континуирано ќе инсистираа на нови избори. Тоа ќе доведе до нови трети по ред предвремени парламентарни избори кои се одржаа на 27 април 2014 година. На изборите победи коалицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ. Опозицијата барајќи причина за својот пораз, ги прогласи изборите за нерегуларни и по 15-месечен бојкот на 1 септември 2015 година повторно се врати во Собранието. За тоа време владата на Никола Груевски продолжи успешно да ја води земјата.

Македонски парламентарни избори (2016)

Предвремените парламентарни избори се одржаа на 11 декември 2016 година. ВМРО ДПМНЕ издвојува уште една победа, од деветте по ред одржани Македонски парламентарни избори од 1990 година до денес.

Наместо коалицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ да формира влада со победник во албанскиот блок според востановената практика, по изборниот инжинеринг и интриги поддржани од странски центри на моќ, коалицијата предводена од СДСМ и ДУИ формираат влада.

Меѓутоа, следејќи ги изборните парламентарни процеси, видливо е дека народот дава и го зема мандатот. Ниту една партија не може да биде вечна, па како доаѓа, така и заминува. А сите обиди со дестабилизација на земјата да се изврши рекомпонирање на власта, ќе останат безуспешна авантура, којашто неизбежно ќе им се врати како бумеранг на авторите кои ја турнаа земјата во политичка и безбедносна криза.

Македонски предвремени парламентарни избори (2020)

15 јули е денот за избори, зошто пред нас престои долг и тежок посткризен период на економско опоравување на Македонија.

Политиките на СДСМ одамна не поминуваат кај народот, а сега уште помалку. Раководтвото е прочитано, па сега ниту Соросовите експозитури, ниту странските амбасади неможат да им помогнат на челните луѓе.

Во својата заслепеност на власт СДС не водат сметка за интересите на македонскиот народ, единствено што можат е земјата да ја воведат во економска криза во која сите ќе бидат губитници

Небулозните политики на СДС за федерализација, двојазичност и разнебитување на надржавата, покажа дека таа како партија не постои, дека таа е приватна организација која има цел да спроведе нарачки од надвор и да ги заштити интересите на поединци.

Доста е играње со Македонците, време е и тие да видат бел ден.

Единствена организирана структура во Македонија која може да застане на патот за растурање на државата е ВМРО-ДПМНЕ предводена од лидерот Христијан Мицкоски и има широко разгранета партиска инфаструктура и безрезервна поддршка од најголемиот дел од народот.

Само таа има капацитет да спаси тоа што може да се спаси, а македонскиот народ СДС ќе го казни на предвремените парламентарни избори на 15 јули.

Македонскиот народ ќе се мобилизира и решително ќе каже НЕ на катастрофалните политики на СДС и ќе го поддржи ВМРО-ДПМНЕ кој е нејзин гласноговорник.

#ИсправиСеМакедонијо

#ОдбериОбнова

 

На прво место

News image

Мицкоски: Ова е победа на народот., цунамито се крена и им виси на глава, а на 8 мај ќе ги потопи целосно

Обраќање на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски по историјската победа со над 161000 гл...

Историја

News image

Репортажа: По врвиците на Александар Македонски-Македонците од Киргистан

Оваа приказна за денешниве Македонски белези во Средна Азија почнува во 2003 година на бреговите на ...

Култура и туризам

Фељтон

News image

ВИСТИНАТА ЗА МАКЕДОНЦИТЕ ВО САД И ВО КАНАДА – (ДЕЛ III) (29)

ДЕЛ ОД ЖИВОТОТ НА АТАНАС БЛИЗНАКОВ ВО МОНОГРАФИИТЕ НА СЛАВЕ КАТИН

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.