|
||
| Јас него го нарекувам провинциски шутрак |
![]() Уште од првиот ден кога го избраа Заев за Претседател на СДС, а не го избраа М-р Зоран Јовановски (кој за изборот единствен си излезе со пишана програма), јас него го нарекувам „провинциски шутрак“.
Понекогаш мислам дека сум во право, но понекогаш сфаќам дека тој е тука донесен со одредена цел - да работи против Македонија. Да Те потсетам, вака беше со Стипе Месиќ - бил донесен да ја растури Југославија. Месиќ по растурањето на Југославија јавно се пофали дека успеал во тоа.
Инаку, како можеше сите Претседатели на влади и на држава од осамостојувањето на Македонија досега да не потпишат нешто што тој потпиша иако знаеше дека тоа е против секој здрав разум, против интересите на државата и народот, дека народот на референдумот не му ги прифати неговите замисли. Него и неговата партија не го избра народот на избори ами го насадија однадвор, значи со одредена цел и намера. Да не е ова така, тој пред се’ не би го правел тоа што го направи на 27 април (при што мислам на изборот на пратениците - без кворум, без гласање, без записник, што намерно предизвика револт кај насобраните граѓани; јас тоа го викам “првиот дел од 27 април). Тие се повикуваат на вториот дел од 27 април, но никако не го спомнуваат првиот дел.
Понатаму, обата договора со Грција и Бугарија се далеку од здрав разум, од памет. Да беа добри, ќе ги потпишеше и неговиот Бранко Црвенковски, како и тие пред и по него. Нормален човек не ги прави работите со пратеници кои ги натера со несфатлива сила да состават група и да потпишуваат до 80 пратеници (кворумот не е 80, ами 81 пратеник). Ако си во тек, деновиве во САД покренуваат преиспитување на пресуда со која во затвор е внесен Советникот за национална безбедност на Претседателот Трамп. Тој, иако не бил виновен, што сега се докажува, прифатил него да го пратат во затвор, а не син му бидејќи му се заканувале со син му. Слично е направено и со нашите осум пратеници. Ако се сеќаваш на една изрека на Петар Петровиќ Његош: “Коме закон лежи у топузу, трагови му смрде нечовјештвом“. Точно ова се случува и сега кај нас. Некако е можно да се помисли дека и сегашниов Претседател на државава Пендаровски е донесен за да си играаат ќошапа со него (не сум сигурен дека тој човек има свое “јас“; м ожеби и претходниот не беше многу цверст во ставовите, но не знам дали овој има свои ставови или спроведува туѓи).
Сево ова што Ти го напишав е само да ја поткрепам мојата теза дека Заев е Бугарски шпиун. И ова со Грците и ова со Бугарите, па и ова со Арнаутиве е со намера да се ослаби Македонија. Ништо помалку важно не е и економското слабеење на државава: огромни задолжувања дома и во странство и подигање на даноците на државата и воопшто, годишните износи на Буџетот, собирање на парите од побогатите општини и нивно осиромашување, зголемување на бројот на администрацијата, а на сметка на собраните пари, одлив на оооогромни суми на средства за чија намена не се знае ништо. Не знам што позитивно може да се каже за делата на шпиун. Веројатно тоа е и причината што нема никакви службени реакции од страна на државата кон тоа што и’ се прави од страна на соседите. И ова морам да Ти го напишам: не сум сигурен во интелетуалните капацитети на Заев и се’ повеќе сум убеден дека тој е само пиун што го управуваат некои од сенка.
Интересни се некои помлади Македонци. Тие велат дека се’ што е досега направено е неправилно, назаконски, неуставно. Како да со тоа се остава можност кога тие младите ќе дојдат да ја водат државата, да можат се’ да стават на преиспитување и се’ да поништат.
Владо Павлески |