Четврток, 23 Април 2020    Печати
Гоце Марков: Глобалното село наречено Фарма наспроти Бог!

goce markovГоце Марков

Бог е во срцата а не во фикцијата!

Таму кај што гледа Лимитот таму е крајот на верата.

Во тешките денови опстојува просекот, а умира колективното, пресметаното, издвоеното, лажно дигнато на пиедестал...
Тој, гревот го понесе за Сите, а Тие, Сите направија Талог, Просек и Врв...
Таму кај што глобалната рака го просејува брашното, нема ниту вера, ниту човечност ниту обичен Добар ден...

Таму кај што авионите летаат по Длабока траекторија , а витамините се пијат по шема, а Црквата не е распетие туку реклама, таму е Лимитот на еден нов Хардвер...
Оставете ги Неговите работи сам да си тера, а наше е да се крстиме правилно и мал крст да понесеме на чело!

Додека Ѕверот глобално хара по нетот имате безброј примери на скриени мисли и изманипулирани верници за кои Црквата е зграда, здание а другите си молчат, нешто од страв, нешто од малограѓанска осуда на комшиите а нешто малу од богопочит и ставопочит!!
Таму кај што Големиот ден е ден за душата, таму кај што апото или 5G e aпостол на неукост и сменет дискурс на сообраќаец на раскрсница, таму не барајте подршка во борбата со глобалните сили.

Патриотите се онаму кај што калиумот е приближно еднаков со натриумот, кај што во клетката се донесува доволно АТП, кај што фамилијата ти светост, кај што блискиот ти е близок, кај што комшијата не му пали кола а ти буткаш, кај што професионализмот на работа ти е емпатија и сострадание и сочувство, кај што мајковината и татковината ти се држава а купено обратно, кај што Господ Бог е Бог на душата а срцето подложно на операција, кај што чистата енергија не се само распркани електрони и атоми и кај што Молитвата не замена за Мотиката тука содејство до подражавање на нешто кое се нарекува Живот!!

Голем ден на сите христијани!

Христос Воскресе!

Навистина Воскресе!

Борбата продолжува!

#ОстаниЧовек