Недела, 12 Април 2020    Печати
Кристиан Јандриоски : Кратко резиме на придобивките на земјава и народот од шарената револуција
1123Кристиан Јандриоски

Кратко резиме на придобивките на земјава и народот од шарената револуција.

Што све е реализирано од целите на нивната борба и колку од водечките пароли преку кои дојдоа на власт се покажаа дека се навистина онакви каквии што тие укажуваа тогаш.

-Убиецот на Мартин го ослободивте.

-Со смртта на Тамара се докажа дека имало родителски калкулации. Министерот "Смрт" и неговиот советник од режимот ви се први полтрони и перјаници сега.

-Никола Младенов не бил убиен, било несреќен случај, изјави неговата сопруга.

-Убијците од Смилковско ги ослободивте и немало никакви докази за вмешаност на тогашната власт. Заев лажел. Сведоци се родителите на децата.

-Чист воздух не само што не донесовте, туку и го дозагадивте тоа малку чисто.

-Профитерите и фамилијата не само што не ги затворивте, туку сега ви се најблиски другари и заедно кеширате и рекетирате.

-Сите НВО ги напикавте на државна цицка и сега буквално не постојат.

-Вашиот првоборец и пратеник од вашите редови испадна наркоман кој уште нема одговарано за илегален бизнис со наркотици.

-Пратеничката од вашите редови излезе еднаш на говорница и се истресе као тинејџерка на вибратор и од тогаш ја снема цел мандат. Јер увиде дека во обуката на Сол Алински не е вклучен сегментот "Цивилизирано и културно однесување "

-Пола и повеќе од интелектуалците се откажаа од борбата која сте ја воделе, увидувајќи дека ваш интерес биле само црните сценарија.

-Не ги укинавте извршителите како што се фалевте, напротив ги накотивте и сега ви се побратими во дерење народ.

-Ниту милијарди на Белизе ниту па бројчаник заврте, останавте в'раце со тангата на Ивона.

-Место борба со урбана мафија како што се фалевте, вие преку вашите општини донесовте уредби за градење на по стотина згради во густо населени места. Вие сте урбана мафија.

-Водно го исековте.

-Дрва низ Скопје на секој ќош сечете.

-Кровот на ГТЦ ви е градилиште на урбана мафија, а колку ли само курч маавте и го гушкавте.

-Целовкупен судски систем е во ваши раце, вие колете вие бесите.

-Сите медиуми се на ваша страна придобивајќи ги со уцена и финансирање од буџет. Никој не смее да ве искритикува и моментално е тотален мрак во мејнстрим информирањето. Среќа има интернет па може народ да разбере колку сте бандити.

-СЈО излезе дека е обична алатка на власта и моќниците за уцена, рекет и политички реваншизам, со чива помош сменивте име, избришавте јазик, разделивте црква, распродадовте историја и се откажавте од Македонските малцинства кај соседите.

-Ниту правда донесовте, ниту мир.

-Ама затоа сте сега најбогатата секта на свет, цела држава ја исцицавте.