Петок, 03 Април 2020    Печати
Александар Бициклиски: Ручекот на Тричко во Занзибар

Bicikliski

Александар Бициклиски: Ручекот на Тричко во Занзибар

Случајно утрово листајќи по мрежава , ми се појави пост на Тричко насловен како појадок...
За содржината на истиот ,нема да коментирам , зошто не сум стручен во сферата на психијатријата да дадам соодветно стручно мислење, но самиот наслов ме подсети на еден РУЧЕК од пред 29 години , кој Тричко никогаш нема да го заборави .

Вистинитата приказна оди вака :
Четврти Мај е1991 година ,Градски парк Скопје ,преубав пролетен сончев ден.Пред споменикот на Гоце Делчев се одржува културно забавна програма по повод формирањето на УМС на ВМРО.
На импровизираната бина се читаат рецитали , настапува драмското аматерско студио "Оаза" со претставата "Гоце е жив".Во публиката еден куп насменани млади луѓе , полни со ентузијазам и верба во остварувањето на сонот на своите предци.Меѓу нив скоро сите навивачки групи од Македонија со маици на кои беа нашите нацинални обележја ,сонцето од Кутлеш,Лавот и итн.....
Атмосфера преубава и свечена....

Во тој период, бевме во тотален медиумски мрак бидејќи постоеа прв и втор канал на радио телевизија Скопје и Нова Македонија и Вечер како пишани медиуми.Новинарите во истите покрај тоа што мораа да бидат членови на КПЈ -КПМ беа и редовни известувачи на Милицијата од активностите на ВМРО-ДПМНЕ која тогаш беше државен непријател број 1.

Па така другарот Тричко заедно си колегите ,Е Р и Ѕ Г , удобно се сместија во кафаната "Занзибар" одалечена на стотина метри од настанот и со полна софра јадење и алкохол ја следеа манифестацијата запишувајќи си ги во тефтерите гадотиите кои подоцна ги реферираа прво во Милиција па потоа во своите редакции.....
И можеби се ќе си завршеше тука , ако едно девојче 17 годишно , учесник на настанот со маица на која пишуваше Македонија не влезе во ресторанот и побара вода.

Тогаш големиве мажишта почнаа да дофрлаат, да пцујат и да се закануваат а другарот Тричко се дрзна и ја скина маицата на малолетната девојка.....

Не поминаа ни две минути а во "Занзибар" се деси цунами кога десетина комити влегоа внатре и го избришаа подот со дотичниве новинари /полициски доушници.
Уште ми се свежи кукањето и цвилењето на другарот Тричко и другарчињата му.....

Дојде Милиција и нормално ги приведе комитите а другарот Тричко и пајташите заминаа на боледување...
И сега гледајќи го вчера видеото , каде што оние идиотине од Штип се изживуваа со кутроно девојче, помислувам дека истите се во некоја родбинска врска со другарот Тричко со таа разлика , што тогаш тоа беше напад на малолетно девојче од возрасни луѓе кои можат татко да и бидат.

Велат како старее човек , почнува да "мекнее" да станува мудар , по мирен и слично ....Но тоа важи за нормален човек .

И затоа уште еднаш апелирам до неговите пријатели, до неговите "соборци", наместо да го тапшате по рамо и да го величите колку е добар, соберете го ако треба и на сила и однесете го во соодветна институција каде што ќе пробаат да го излечат. Повеќе од јасно е дека човеков е непресметлив и не е свесен за своите постапки. Му правите килава услуга , во ова време невреме ќе налета на некој побудала од него и на душа ќе го носите ....

И пс : Немој сега да ме обвините , бранејќи го болесникот дека му се заканувам , баш обратно загрижен сум за него....

134567