Четврток, 19 Март 2020    Печати
“МАЛО СУТРА“ СТИГНА ДЕНЕС

slobodan tomic 1Пишува Слободан ТОМИЌ

Конечно и овојпат како Нострaдамус, Заев ја предвиде ситуацијата во Македонија: Неговите опоненти нема да дојдат така лесно на власт, тоа ќе биде “Мало сутра!“ како што само тој знае на јавна сцена со лактот.

За жал, “Мало сутра“ стигна Денес. Триото Пендаровски, Џафери и Спасовски, експресно го кажаа судбоносното “Избори нема!“ Кога? Само Господ знае...

Ќе згреши секој ако го нападне престедателот на СДСМ, кој со искрен детски поглед и десна рака на левото срце, ќе каже дека вондрена состојба мора да има поради вирусот Корона, дека е време за вондредна состојба, не смее да се шверцува со ништо, ниту со житото и житните култури, не смее да се претерува со цените за производите што значат живот.

Демек, ќе се форсираат домашните производи од македонските фабрики. Дали со ова Заев јавно ги предложи своите прехранбени производи од семејните фабрики, со џоинт муабет и шмрк од медицинскиот канабис ќе покаже времето.

Само така, за Заев и неговата “северна“ тајфа, ние ќе бидеме среќна и здрава нација која нема да биде опфатена од смртоносната Корона, која како казна или искушение пристигна и влезе во нашата куќа Македонија.

Но, и покрај Короната, иако пред нас ги имаме грозоморни слики од хорор сцените и смртоносните крикови на семејставта што ги изгубија своите најмили во колосалната Кина, па во распеаната Италија, ние со сите четири сме во вис! Не, тоа не може нам да ни се случува, далеку сме од се’ ние. Смртта на другите им се случува, не нам во фамилијата...

Се разбира, и опозициската ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот лидер, дадоа поддршка за национална стратегија, со сите капацитети од двете страни, за надминување на проблемите и можните опасности кои би биле погубни за државата.

Белким сеуште не е доцна за трезнење на заспаните центри во нивната глава за најтрезно да размислат и заедно да се здружат. Ама, и покрај се’ и после се’, се’ е по старо, од тоа што треба да биде - мало сутра.

Ко целата ујдурма со короната да беше мораториум врз изборите, да се одржат кога ќе се создадат услови.

Најдебелиот крај секако е за народот: нема маски, нема ракавици, нема дизинфекциски срества, нема скафандери за лекарите и другиот медицински персонал кои директно се справуваат со ваа пандемија. Со еден збор: трагикомедија, со позната колатерала.

Алкалоид која се претставува како најреферентна европска фармацеутска компанија, ниту една маска не пушта во аптеките, ги нема ни кај харизматичниот Зегин.

При мака се познаваат јунаците.

Сега на сите ќе им ги видите роговоите. Најбројни се лешинарите кои на маката на нацијата цените на производите на рафтовите ги зголемија фантастични десетици пати над нормалните цени. И повторно никој не реагира од власта на оваа агонија на нацијата крај да и’ стави...

Не зборуваме со дефетизам, туку напротив со аларм и љубов, тоа “мало сутра“ да биде сега и веднаш заедно да се сочува здравјето и пред се’ здравиот разум кај народот, и одговорноста кај власта заради мигот во кој е нацијата и државата. Никој не смее да ќари на народната мака во ова време невреме на светска пандемија!

Ова е општа алармантна состојба за сите во Македонија и од оваа состојба треба да се извадат итно, ама најитно, заклучоците: Да не се лекуваат и натаму суети и да се тргне настрана егото од црпките на раме, сите заедно и сплотено да се справиме со најголемиот монструм кој веројатно е решен да го проголта светот, зааедно со Македонија како точка на географскиот атлас и глобус.

Вондредната состојба треба да биде откровение на умот и ослободување на заробениот дух за единствена и благословена Македонија како што и самиот Господ Бог ја запиша во светата книга во 16 глава 9 стих.

Акција и одговорност од сите веднаш, затоа што “Мало сутра“ стигна денес!