Токму таму кај што е најслаб, го советувале да покаже дека е силен противник, за да створи забуна и да намали штета по себе и по рејтингот на СДСМ. Оваа патека на СДСМ оди по логиката која, за жал, еднаш му успеа, која е: држете го крадецот.
Но нашиот мудар народ низ вековите рекол дека: најсилно вика држете го крадецот, оној кој е најголем крадец. Наместо правна држава, тој и неговата Влада, предизвикаа комплетен распад на правната држава. Распад на СЈО, партизација на ЈО и бламажа на судството. Факт констатиран од целокупната јавност. А министерката стооо...
Зошто е тоа така? Што се случуваше во минатите три години?
Затоа што СЈО, ЈО и судството, посебно судовите низ Скопје, се претворија во локални штабчиња на СДСМ, каде што не само политички, туку се тераа и огромни стопански предмети (тие секогаш беа скриени зад прашината што се креваше од некои медиуми за политичките предмети)...
Политичките предмети служеа за уцени, „вразумување", притисок и остварување на политичка корист. На пример, последното гласање ЗА на Законот за ЈО во Собрание беше со најмалку 13 пратеници (3 од ДУИ, 3 од СДСМ... и од скоро сите пратенички групи) под директен притисок од отворени, затворени или сеуште „тајни" постапки за нив лично или за нивни блиски луѓе.
Значи, за опозицијата бламажа пред јавност, а за своите непослушни и за коалициски партнери притисок и уцени со предистражни и истражни постапки подготвени од локалните штабчиња на СДСМ.
Стопанските предмети (Те-То, Поштенска Банка, Империја, Фени...) станаа тема на јавен интерес како последица на интересот на странските дипломати. Тие се дури и поопасни. Со нив или се лажираше стечај, или се рекетираа бизнисмени, или се правеа чудни продажби на сомнителни компании. Станува збор за суми во десетици и стотици милиони евра.
Во овој систем учествуваа и други државни институции, поединци и за жал и медиуми. А многу функционери на власта (министри, пратеници...) лично ги знаеа состојбите и не се обидоа да променат што било.
Целта беше преку судството да се соберат пари за богатење, но и за да се потплатува опозицијата, а тој дел што нема да се потплати, да се уништи со нарачани обвиненија, пресуди и медиумски линч, координирано.
Кога сето ова станува видливо и за обичниот човек, мора да се фрли вината на друга страна, како демек во овие три години да владееја сите други освен СДСМ. А докази на сите страни, од една до друга страна на Скопје.
Затоа некои предмети се закажуваат пречесто, а некои се држат во лер. Затоа некои истраги се отворија, а не се затворија. Затоа некои се повластени, а некои прогонети. Затоа за некои ќе важат бомбите, а за некои не.
Оваа хистерија со барање правда, закани и притисок до сега не е видена во ниту една нормална држава. Власт протестира против состојбите кои не само што не ги променила и подобрила, туку и ги влошила многукратно. Лудило - ќе речат сите, но тоа е единствен излез за сеење магла барем пред своите гласачи.
Цела кампања ќе им биде ова. Сабајле ќе координираат судски и обвинителски постапки, а вечер на митинзи и телевизија ќе врескаат против тоа.
Видете вака:
1. Јавниот обвинител на РМ е избран по предлог на Владата на СДСМ од страна на Собранието каде СДСМ има мнозинство со своите уценети коалициски партнери;
2. СЈО се формираше по барање на СДСМ, а Катица Јанева им беше ударна тупаница;
3. Судскиот совет на РМ е под директна контрола и работи по нарачки од страна на Владата на СДСМ;
4. Претседателите на судовите се избрани од страна на овој Судски совет кој е под целосна контрола на Владата на СДСМ.
5. СДСМ (преку Талат Џафери и мнозинство од 80 пратеници) раководеа со Собранието на РМ каде менува и можеа да менуваат кои било закони во оваа област.
Кој тоа бара правда и подобар систем? Оној кој управува со него? Оној кој го насочува и контролира? Оној кој бира и разрешува судии? Оној кој ги носи законите? Врв на лудило.
СДСМ сега го фрла жешкиот костен од себе, надевајќи се дека така ќе добие глас повеќе, ќе победи и пак ќе си го прибере назад.
Но на кого го фрла? На своите извршители! Катица и Бојан се само мал дел од оваа приказна, но добар и поучен дел. Добар пример дека сите нивни извршители ќе бидат фрлени да горат и да изгорат, само тие себе си да се спасат.
Оваа состојба не се спасува ниту со марш, ниту со кампања, ниту со датум, ниту со Закон. Видлива е од авион.
Фејсбук статус на Илија Димовски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ
https://www.mkd.mk/kolumni/zoshto-vlasta-protestira-protiv-sebe-zvuchi-ludo-neli