Недела, 09 Февруари 2020    Печати
МИЗРАХИ: Не постои стара и нова табла

84698843 2869760276400134 4026803956242972672 nМИЗРАХИ: Не постои стара и нова табла, една е – на Република Македонија и е наследена од Царовска

Министерката за труд и социјална политика Рашела Мизрахи денеска изјави дека таблата поставена пред Министерството е наследена. Како што појасни, не постои стара и нова, постои само една табла.

-Јас не ја игнорирам реалноста, но нема да дозволам создавање на нова реалност. Демократско право, но и морална обврска на секој граѓанин е кога ќе види неправда и да реагира по истата. Таблата е наследена и не постои стара и нова табла. Постои само една табла во Министерството за труд и социјална политика, рече Мизрахи денеска во Крушево.

Министерката додаде оти треба да и заблагодари на вицепремиерката за економски прашања Мила Царовска, „заради тоа што не ја сменила таблата и со тоа, според Мизрахи, длабоко во себе препознала дека ова е Република Македонија и ова е македонски народ“.

https://denesen.mk/mizrahi-ne-postoi-stara-i-nova-tabla-edna-e-na-republika-makedonija-i-e-nasledena-od-carovska/