|
||
| Македонското прашање ќе се затвори само тогаш кога тоа ќе биде во полза на Македонците |
|
Денес е 4. фебруари, денот на раѓањето на Гоце Делчев, една од најавторитетните и најмаркантни фигури во македонското револуционерно движење и воопшто во македонската историја. Гоце Делчев е и нај авторитетниот стратег на организацијата во своето време. Тој истовремено секојдневно е и на теренот меѓу народот и меѓу борците организирајќи ги четите. Посветен и на собирањето на оружје и на создавањето на уставот и правилата на дејствување на организација. Директно и непосредно работи на кревање на борбениот и слободарски дух на народот одејќи од едно во друго населено место ширејќи ја идејата за слободна Македонија. Денешното одбележување на овој ден има особено значење заради актуелните наметнати договори, притисоци и уцени во правец на промена на историјата и идентитетот на македонскиот народ. За неговото дело, припадност и борба, објавив пообемен текст во фб статус на 2. јули 2019 година. Вчера Социјалистичката партија на Македонија одржа трибина со повеќе историчари посветена на ликот и делото на Гоце Делчев. Сите учесници дадоа одлични излагања, секој од различен аспект. Издвојувам едно од нив кое е кратко и вреди да се погледне, а тоа е излагањето на универзитетскиот професор по историја Д-р Никола Жежов, чија научна специјалност е современата историја и проучувањето на македонското револуционерно движење. Се согласувам дека денешните притисоци, уцени, негирања, сервилност, наметнатите договри и марионетски влади, присилни промени со користење на највалкани и најгнасни методи, само ќе го зајакнат македонското национално чувство и припадност. Македонското прашање ќе се затвори само тогаш кога тоа ќе биде во полза на Македонците. |