
Факти на денот:
- СДСМ да не бега од нов закон за Јавно обвинителство. Неопходен е нов закон со усвоени забелешки од страна на експертите.
- Бескрупулозниот Зоран Заев си поигрува со семејствата на починатите од “Смилковско езеро”. Ја лажеше јавноста за наводна бомба која ја поседува, а сега зборува сосема спротивно.
- Тајните средби на Заев со контроверзни бизнисмени од Малта и Либија само ги верификуваат индициите за матните зделки и криминали кои секој ден се случуваат.
- Секојдневно се реализираат нови привремени вработувања од кои најголем дел партиски вработувања, а ДКСК е нема на тоа.
- Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николовски дециден дека избори ќе има, а Зоран Заев ќе одговара за сите криминали.
- Кирацовски ја лажеше јавноста дека не го познава Бојан Јовановски, додека истрагата покажува дека Кирацовски е дел од мрежата која го спровела “Рекет”
- Трипуновски заштитник на тутунарите. Отстапките и селективноста на СДСМ во однос на откупот на тутунот ќе завршат на 12-ти април
- Наместо прашања кои на јавноста не и значат ништо, ВМРО-ДПМНЕ и постави 30 прашања на Нина Ангеловска во врска со државниот буџет и задолжувањата
- Напаѓачот на полицаецот во Велес, инаку близок до Зоран Заев, бил амнестиран во пакет со уште 800 други криминалци кои биле ослободени.
ВМРО-ДПМН |