Понеделник, 03 Февруари 2020    Печати
МПЗ ТОДОР АЛЕКСАНДРОВ РЕАГИРА НА СТРАНСКИТЕ ПОПАГАНДИ ПРОТИВ МАКЕДОНИЈА

901

МПЗ „Тодор Александров“ - Ниту бугарска, ни српска, ни грчка, Македонија е на Македонците, Гоце Делчев е македонски револуционер и великан.

Македонското Патриотско Здруженије „ Тодор Александров “  е против  било каква  бугарска, српска и грчка пропаганда и е со став дека сите револуционери кои се бореле за Независна Македонија се македонски револуционери и му припаѓаат на македонската историја, а Гоце Делчев е симболот на македонскиот непокор и е македонски револуционер кој својот живот го положил пред олтарот на македонското ослободително дело.

Ние сме за добрососедски односи со Бугарија и со сите наши соседи, но со тоа што Красимир Каракачанов и политичките кругови во Бугарија го негираат македонскиот идентитет само го провоцираат и понижуваат македонскиот народ, а на тој начин  не можи да се градат добрососедски  односи,  тие напротив дополнително ги влошуваат. Македонскиот народ постои и тој факт никој не може да го негира.

МПЗ „Тодор Александров“  е против било какво негирање на македонскиот идентитет и е против  штетните договори  со Грција и Бугарија се залага за заштита на македонскиот идентитет, историја, јазик и култура. Бугарија има ист став како и Грција и тоа е многу жално и за тоа треба да се страмат бугарските политичари што денес постои еден заеднички грчко - бугарски заговор против Македонија и македонскиот народ за негирање на се што е македонско.

Ние Македонците сме посебен народ и тој факт, таа реалност односно вистина треба да ја прифатат и Бугарија, Србија и Грција. Во однос на српската пропаганда сметаме дека таа е многу силна и секогаш работела против македонските национални интереси на многу подол начин. Маѓутоа, Србија денес  не е во таква позиција како Грција и Бугарија, бидејки не е членка на НАТО и ЕУ, поради што  не може да не уценува  и условува. 

Доколку е во можност Србија односно  српската пропаганда би делувала поагресивно и од бугарската и од грчката пропаганда. МПЗ „Тодор Александров“ во своите изминати активности ги чествуваше македонските револуционери, особено ги прикажуваше српските злосторства и асимилација врз македонскиот народ и борбата за слобода на македонското револуционерно движење помеѓу двете светски војни кои беа затскривани во поранешниот систем, но исто така големо зло направија и грчката и бугарска пропаганда.     

Изминатиов период МПЗ „Тодор Александров“  претрпе  низа  внатрешни и надворешни  потреси, поделби  и удари од повеќе страни, но МПЗ „Тодор Александров“  останува на крајно македонски национални  позиции и е против било каква српска ,грчка или бугарска пропагнада и се залага за  заштита на македонските национални интереси.

МПЗ „Тодор Александров“ е за членство на Македонија во НАТО и ЕУ и е за економска, културна сорботка со Бугарија и со сите наши соседи но, Бугарија,Србија и Грција мора да ја признаат националната посебност на нас Македонците, а не да го понижуваат и негираат македонскиот народ и македонското малцинство кое постои и живее на нивната територија.

Да е вечно делото на големиот македонски великан Гоце Делчев кој е роден  на 4 февруари 1872 година во Кукуш !!!

Да живее Република Македонија и македонскиот народ !!!!!

МПЗ „Тодор Александров“