Петок, 31 Јануари 2020    Печати
Со Законот за јавно обвинителство СДСМ сака да се спаси за сторениот криминал

Со Законот за јавно обвинителство СДСМ сака да се спаси за сторениот криминал

Законот кој  СДСМ сака да се донесе за јавното обвинителство не е во интерес на граѓани, туку е во интерес на криминалците во СДСМ.

СДСМ сакаат да го донесат овој закон набрзина за да се спасат за рекетот, корупцијата, наместените тендери и сиот сторен криминал овие години.

Со нацрт законот за јавно обвинителство на СДСМ не се согласува ниту експертска јавност.

ВМРО-ДПМНЕ сака да се донесе Закон за јавно обвинителство согласно меѓународните  стандарди и да претставува закон со кој треба да се направи рефеорма на целокупното јавно обвинителство. Закон со кој идниот обвинител нема да замижува пред скандали како Леонардо, Рекет 2 и Рекет 3, Сархемс и слично.

Времето на селективна правда и штитење на криминалот на СДСМ и Заев завршува.

На 12 Април следува одговорност.

СДСМ и Заев никогаш повеќе.

ВМРО-ДПМНЕ