Недела, 26 Јануари 2020    Печати
Тимови од раководството на ВМРО-ДПМНЕ почнаа со акција ,,Обновата ПРЕД ВАШИОТ ДОМ”

1 31

1 30

На 25 јануари 2020 година тимови од раководството на ВМРО-ДПМНЕ почнаа со акција ,,Обновата ПРЕД ВАШИОТ ДОМ”

Ќе биде посетено секое село и секој град, за да ги погледнеме луѓето во очи, да разговараме, да ги слушнеме нивните предлози за обновата која ќе ја правиме после 12-ти април.

Дел од тој тим во состав: Антонио Милошески, пратеник во Собранието на Република Македонија, Драги Димитриевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓија Сајкоски-Претседател на ОК Кичево и Мане Јаковлески, еден од основачите на ВМРО-ДПМНЕ и координатор на тимот на Ветерани на ВМРО-ДПМНЕ, ги посетија живописните кичевски населени места Србјани и Другово.

Пред големата маса народ говорниците ги истакнаа проблемите кои, доколку не се решат во најскоро време, можат да бидат многу опасни за натамошниот развој и опстанокот на нашата држава – Република Македонија.

Со силата на аргументацијата и живописниот збор, говорниците го потенцираа фактот дека Македонија е прва во Европа по корупација, по криминал, со најголема невработеност меѓу младите и со сериозен проблем поради иселувањето.

Изминативе три години, СДСМ владее со лаги, измами и криминал, со мафија која профитира милионски суми незаконски заработени пари, со партизирана администрација, со нарушена безбедност која продуцира секојдневни пукања, убиства, кражби и други насилија, бидејќи СДСМ пушти на слобода 1.200 криминалци и убијци, а затвори и осуди на временска казна од 2.5 века млади македонски патриоти, чија единствена вина е затоа што си ја сакаат Македонија.

Чудовишно и непримерно за нешто што мислевме дека заврши во 1990 година. Говорниците го потенцираа и застрашувачкиот факт дека Македонија е единствената земја во светот чија влада работи за разнебитување и растурање на државата по потпишувањето на срамните и национално понижувачки договори со Грција, Бугарија и Албанија. Затоа, потенцираа говорниците, Македонија доживува катаклизмички и епски потреси на сите полиња што сите нас не загрижува и растревожува. Луѓето бараат решение на ова лудило, бараат некој да ги заштити, замислете, во соспствената земја од сопствената власт. Ниту чуено, ниту видено во досегашната општоцивилизациска историја.

Говорниците искрено, со чувство на почит, ги слушнаа и проблемите со кои се соочуват месните жители. Им посочија заеднички да се најде начин да им се помогнеме во решавање на личните проблеми, но и проблемите со кои се соочуваме како држава, а кои ги продуцира досегашната власт.

Боли оваа вистина кога ќе слушнете дека ако не се тргне ова власт на 12 април, дел од жителите ќе се иселат, бидејќи не гледаат повеќе перспектива и надеж да живеат на своите вековни и прадедовски огништа. Затоа, порачаа говорниците, на целата ова агонија која жестоко е притисната од криминалот и безредието, мора да и се стави крај, за пустошењето и иселувањето да сопрат, а надежта и достоинството да се вратат. Затоа е тука ВМРО-ДПМНЕ, како патриотска партија, која има визија како да се обнови Македонија, како повторно да се изгради и да биде просперитетна и напредна. Мора да му се врати достоинството на македонскиот народ, насмевката на неговото лице, вербата во тоа што ќе го работи и за што ќе живее. Зашто за тоа сме должни на нашите претци, но, и на нашите поколенија.

Со победата на 12 април и промената на власта која е извесна и која веќе никој не ја става под прашање, дефинитивно ќе дојде спасот за Македонија, за македонскиот народ, за младината, за пензионерите и за сите граѓани на Македонија, Затоа, поддршката од народот е повеќе од видлива и тоа уште повеќе не обврзува да ја оправдаме нивната доверба за општото добро на сите нас и за нашата Република Македонија и нејзината обнова.

Да живее Република Македонија

1 2

1 27

1 21

1 11

Македонска нација