|
||
| Ова не е прашање на политика туку прашање на егзистенција и помош на луѓето на кои им треба нега |
|
Рашела Миздрахи-Министер за Труд и социјала Од 8500 барања за периодот 1.6.2019 до 1.10.2019 кои претходно ги споменав, до вчера, 8.1.2020 година до 16 часот, решени се САМО 1589 барања за надоместок за помош и нега од друго лице. Во меѓувреме поднесени се 4603 нови барања, кои воопшто не се пуштени во процедура на решавање, а причината сѐ уште не е позната. Што значи, во оваа држава, во овој момент, има 11 514 нерешени барања за надоместок за помош и нега од друго лице. Напоменуваме дека дел од комисиите, до денес, немаат отпочнато ниту со решавање на истите. Ова говори дека Владата и Министерството претходно проблемите на граѓаните ги ставале под тепих. Тоа е недозволиво. Семејствата чекаат помош, а не ја добиваат. Ова што го зборувам, не е празна реторика туку нерешени предмети поткрепени со докумeнти. Како и за многу работи, така и за овој голем проблем, не ја зборуваат вистината. Ова не е прашање на политика туку прашање на егзистенција и помош на луѓето на кои им треба нега. Ги повикувам оние кои не мислат така, вклучително и поранешната министерка да дојде да направи увид во документацијата на нерешените премети и да се увери во вистинитоста на проблемите со кои се соочуваат граѓаните на оваа држава. Нападите врз мене и мојот личен интегритет, само ќе ме охрабрат дополнително да се борам за она што сум дојдена, а тоа е БЕЗУСЛОВНО решавање на секој проблем што го имаат граѓаните на мојата држава. |