Понеделник, 06 Јануари 2020    Печати
Најмладите гостиварчиња со песна го најавија Христовото доаѓање

k1 1Најмладите гостиварчиња со песна го најавија Христовото доаѓање

Во чест на Бадник веселба на гостиварскиот плоштад.

Со помош на свештенослужителите од православниот христијански храм „Св.Богородица“, и оваа година младите-предвесниците на Христовото раѓање продефилираа низ улиците на Гостивар.

Дечињата направија вистинска празнична атмосвера во Гостивар на Бадниковата поворка која се организира по 5-ти пат.

Најмладите гостиварчиња со песна го најавија Христовото доаѓање.

Tрадицијално во чест на Бадник во Гостивар се одржа богослужба во црквата „Св.Богородица“, а потоа беше запален бадниковиот огaн и беше организиран огномет.

Неколку илјади гостиварци и жители на околните селски населби, во соборниот храма „Св. Богородица“ присуствуваа на вечерната богослужба. Потоа, кумовите на верниците им делеја ,,греана ракија”, сокчиња, варени костени и осветени дабови гранчиња. Гостиварскиот плоштад беше претесен да ги собере сите верници.

Река на народ се влеваше во Соборниот храм „Св. Богородица“ Откако ќе се помолеа, ќе запалеа свеќа, излегуваа да им отстапат место на другите верници, огнометот и палењето на бадниковиот оган го следеа од пред црквата, од градскиот плоштад.

Во пресрет на Божик во сите населени места во Македонија се одржуваат народни собири со палење бадникарски огнови.

На Бадник, семејствата се собрани на заедничка вечера.

На богата трпеза се поставени посни јадења, грав, сарми, пинџур, костени, ореви, јаболка ...трпезата да биде богата, со симболика така да биде целата година.

Се меси погача, а во некои места зелници во кои се става паричка. Се верува дека оној кај кого ќе падне паричката ќе го следи среќа во текот на целата година.

Пред почнувањето на вечерата на која сите се собрани, домаќинот го крши кравајчето, на толку делови- колку што има членови во семејството, оставајќи уште и дел за Бога и дел за куќата.

Благодарение на вековната традиција на нашиот народ со огновите и песните коледарски, всушност и ние им се придружуваме на необичната ѕвезда над Витлеем и на ангелскиот хор, на пастирите и на мудреците кои беа први учесници во радоста и први гласниците за новородениот богомладенец.

Православните христијански верници во Македонија го слават Рождество Христово – Божик со богослужби во сите храмови.

Македонскиот народ со многу внимание и почит ги одбележува овие празници.

Божик е Господски празник и се празнува во спомен на раѓањето на Господ Исус Христос. Овој празник е матица на сите други црковни празници, бидејќи со Христовото раѓање се смета и почетокот на новата ера.

Македонскиот православен народ, знае да прославува и да дарува во име на својата прадедовска вера.

Да го поминеме Божик, богољубиво и човековољубиво, да празнуваме како народ кој го љуби Бога и кој го сака ближниот.

Да даде бог мир и љубов меѓу нашиот народ, повеќе рожби во семејствата, род во полето, повеќе работа и повеќе радост и добра волја меѓу сите луѓе.


Коледе, леде!

паднало греде,

утепало деде.

Дедо се мачи,

баба го квачи,

со четири јајца

гускини, паткини, шаткини!

О. О. коледе!

Христос се роди!
Вистина се роди!

Христос се роди!
Вистина се роди!

Христос се роди!
Вистина се роди!

k1 2
011010

Божикни песни:

https://www.youtube.com/watch?v=JDr2SM_JoN0

https://youtu.be/sbfreArjbe0

Македонска нација