Понеделник, 09 Август 2021    Печати
Бугарски погледи за Илинденското востание

bugarski-pogledi

Во својата историја сите народи имаат свои јубилеи на настани и личности кои оставиле траги во нивниот историски развој.

Стошеснаесетгодишнината од Илинденското востание е редок јубилеј за македонскиот народ, за Македонија како држава и за сите нејзини граѓани. Судбината на нашиот народ така се одвивала што токму Илинден 1903 година, кога се кренало ослободителното Илинденско востание, станал симболот на македонското опстојување. Илинден бил и е верски празник кој поради историските околности на кревањето на Илинденското востание стана семакедонски дух, симбол на непокорот, составен дел на неговата колективна свест создавана низ повеќевековната борба за слобода, и е многу повеќе од верски празник. Трагичниот крај на Илинденското востание, неговото задушување и неуспешно завршување, повеќе од кое било друго неуспешно востание, стана симбол на непокорот кој ги мотивираше генерациите во борбата за слобода и за создавање на сопствена држава.

Бугарски погледи

bugarski-pogledi

Карта на востаничките териториии во Македонија и Одринско од летото на 1903 година. Прикажани се Илинденскиот, Крстовденскиот, Преображенскиот и Родопскиот револти на ВМОРО во Османската империја, нарекувани најчесто во Бугарија со општото име Илинденско-Преображенско востание.

pismo

Писмо на Главниот штаб до бугарската влада од 9 септември, 1903 година со кое тој обрнал внимание на катастрофалните последици за бугарската нација, ако таа не си го исполни својот долг спрема своите еднородни браќа и да им се притекне на помош со војна.

Бугарската наука смета дека Илинденско востание било кренато поради инсистирањето на Иван Гарванов, непобитен Бугарин, кој како раководител на ВМОРО, во мај 1903 завршил во затвор поради Солунските атентати. Таа, врз основата на спомените на учесниците во востанието, прифаќа дека ВМОРО организирала едно општо востание во летото на 1903 година во Македонија и Одринско.

Востанието се одржало од неколку локални револти во одделни револуционерни окрузи на ВМОРО, каде што тие почнале со неколку недели разлика. Серијата бунтови започнала со Илинденскиот револт во Битолскиот револуционерен округ, продолжила со Преображенскиот револт во Одринскиот округ, а завршила со Петровденскиот револт во Серскиот револуционерен округ во есента истата година.

Бугарската наука го нарекува востанието Илинденско-Преображенско по името на двата најголеми револта. Ова мислење е поддржано и во „Историскиот речник на Република Македонија“, кој е најреферентен документ од овој тип во Европа, како и во аналогискиот „Историски речник на Бугарија“, каде востанието е посочено како едно општо. Истиот став е прифатен и од други најавторитетни светски истражувачи.

Според Христо Силјанов револуционер, историчар и деец на ВМОРО, учесник во востанието, тоа забележило врв во национално-ослободителната борба на македонските и тракиските Бугари во Отоманската империја. Задушувањето на востанието довело само во Источна Тракија до 30.000 бугарски бегалци, населени претежно во денешната Бургаска област. До избувнувањето на Балканските војни во 1912 - 1913 година, бројот на бегалското население во Бугарија по востанието бил околу 120.000 луѓе. По падот на комунизмот, Бугарија и` понудила на Република Македонија неколку пати, предлог за заедничко славење на востанието и неговите херои, но овие предлози не биле прифатени.