Сабота, 02 Јуни 2018    PDF Печати Е-пошта
Никој не ни размислува да се откаже од Македонската православна црква
alt

Владика Агатангел: Некој манипулира со Синодот на МПЦ, архиереите и со народот, но вистината секогаш победува

Можеби некој си игра и во Синодот, не можам да тврдам, ни да напаѓам, не сакам да си ја грешам душата, но може некој манипулира и во Синодот со нас архиереите, со народот, со верниците, со свештенството. Но ќе испадне тоа на виделина, вистината секогаш победува, не можеме да се сокриеме зад вистината. Можеби претпоставуваме кои се тие луѓе, но времето ќе покаже – изјави владиката Агатангел во емисијата „Ѕид“ на „Алфа“ телевизија, зборувајќи за последните информации дека МПЦ се откажува од името Македонска Православна Црква како и за барањето од БПЦ да биде мајка ќерка на МПЦ.

– Македонија секојдневно ја тресат со информации некои се вистинити, некои се лажни, но последнава околу МПЦ е лажна затоа што на светиот архиерејски Синод се донесе одлука да се прати писмо до вселенската патријаршија и да се побара само автокефалност, признавање на нашата света македонска православна црква како автокефална – вели владиката Агатангел.

Според него не постои член на Светиот Архиерејски Синод кој ќе отстапи од светото македонско име на Македонската Православна Црква затоа што таа е тврдина и столб на државата. Тврдина и столб за вистината за македонскиот народ, тврдина и столб на сите оние кои се чувствуваат Македонци.

Никој не ни размислува да се откаже од Македонската православна црква бидејќи тоа е името на нашата држава, на нашата црква, ние сме и национална црква на овој наш македонски народ. Но, цела година сме потресени од разни напади, изјави, неправди понижувања, измами, но мислам дека ќе опстоиме – нагласи владиката Агантангел.

Во врска со договорот со Бугарија и барањето на МПЦ до БПЦ за мајка ќерка тој посочи дека договорот со Бугарија кога државата го потпиша, Синодот не го прифати и излезе со соопштение, но наредната седница некој се појавил со идеја да се бара од Бугарската патријаршија да биде црква мајка и затоа додава дека постојат големи шанси некој да манипулира со Синодот на МПЦ.

https://republika.mk/922795

 

На прво место

News image

Кузеска нека им каже на пратениците од СДС да поддржат продолжување на важноста на пасошите предлог на ВМРО-ДПМНЕ

  Наместо да мудрува, Кузеска нека им каже на пратениците од СДС да поддржат продолжување на...

Историја

News image

Албанците од Македонија не се фински швеѓани-Драган Богдановски- 1997г.

Госпоѓа Елизабет Рен, финска државјанка од миноритетската шведска јазична група, бивша министерка за...

Иселеници

News image

АНСАМБЛОТ „ТОМОВ“ НА ОЛИМПИСКИТЕ ИГРИ ВО ЛЕИК ПЛЕСИД (14)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ТОМОВ“  НА СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

News image

ПРОФ. Д-Р МОТОКИ НОМАЧИ ОД ЈАПОНИЈА – ПОЧИТУВАЧ НА ЈАЗИКОТ НА МАКЕДОНЦИТЕ ОД ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА

Професорот  Мотоки Номачи е истражувач на словенската лингвистика, на социолингвистиката и на...

Фељтон

News image

ДВЕ ДЕЦЕНИИ ОД ОСНОВАЊЕТО НА ФОНДАЦИЈАТА „АТАНАС БЛИЗНАКОВ“ (20)

ДЕЛ ОД ЖИВОТОТ НА АТАНАС БЛИЗНАЈОВ ВО МОНОГРАФИИТЕ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.