Понеделник, 19 Февруари 2018    Печати
Врз раскинатото македонско национално ткиво, од сите страни се зададоа мршојадци

straso angelovskiСтрашо Ангеловски

Почитувани пријатели,почитувани Македонци,

повеќе од три години,според вешто смислено сценарио,а со најподмолни методи и внатрешни и надворешни притисоци,се раскинува македонското национално ткиво и се черечи македонското патриотско тело,за да се инсталира антимакедонска влада која ќе ја затвори епизодата наречена НЕЗАВИСНА И САМОСТОЈНА МАКЕДОНСКА ДРЖАВА.

Денес,кога е попотребно од кога било македонско национално единство за одбрана на татковината,врз раскинатото македонско национално ткиво и врз расчереченото патриотско тело,од сите страни се зададоа политички мршојадци,со цел да колвнат од ранетото патриотско месо. Некои од нив како дел од вешто смисленото сценарио,а некои од желба за ситно политичко профитерство.Па,оние кои помогнаа да се инсталира оваа антимакедонска власт,денес,колвајќи од расчереченото патриотско тело,формираат партии,пишуваат отворени писма,потпишуваат вакви или онакви петиции.

Притоа,ги злоупотребуваат најсветите чувства на македонските патриоти,кои загрижени за опстанокот на народот и државата,поддржуваат секаква иницијатива и тргнуваат по секој пат кој ветува спас за татковината.

Го пишувам ова,загрижен дека синдромот на месијанство само ги оневозможува обидите за македонско национално обединување,а со верба дека мојот народ со својата вродена мудрост,ќе ги препознае политичките мршојадци кои колваат во неговото срце.

Поинаку,Господ нека ни е на помош.