Среда, 14 Февруари 2018    Печати
Писмо до претседателот Иванов од АМТС

amts

Г-н Ѓорге Иванов Претседател на Република Македонија

Почитувани претседател Иванов

Нашиот театар во 2015 година го наградивте со посебна Повелба за нашите активности во промовирање на македонската култура во Австралија. Оваа година навршуваме 11 години од постоењето и зад себе имаме 15 театарски продукции, создавани и изведувани во Австралија и Македонија. Нашите продукции се наградувани и од австралиските институции кои ја ценат нашата работа на културно поле посебно за она што го работиме за македонската и мултикултурната заедница.

Ние макотрпно работиме за зачувување на македонскиот јазик и култура иако живееме во Австралија но владата на Република Македонија, за жал, уништува се што е македонско: јазикот, црквата, идентитетот, државноста. Владата на чело со премиерот Заев секојдневно тргува со соседите, под покровителство на Европската заедница и ОН, со се она што не поврзува како нација. Многу е јасно дека Заев и нелегитимната влада имаат единствена цел да не уништи како Македонци следејќи ја албанската платформа и платформите на Бугарија и Грција. Неговите истапи немаат граници, тој е крајно нестабилен, игоцентричен со психопатични тенденции.

Господине Иванов, националните интереси на Македонија треба да бидат надвор од доменот на политичките партии. Ние веруваме во Вас и како наш претседател мислиме дека крајно беше времето да превземете нешто. Поголемиот број на Македонците живеат надвор од границите на Република Македонија и сите ние бараме од нашата матична држава да бидеме заштитени како народ и бараме да се прекинат сите разговори со соседите каде се тргува со нашиот јазик, име и идентитет. Ние се надеваме на Вас и целосно Ве подржуваме во одлуките за да им се даде крај на понижувањата.

Од членовите на Австралиско-македонскиот театар од Сиднеј,

Душан Ристевски

Претседател

------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

Театарот е добитник на:

* Повелба на Република Македонија од претседателот на Македонија

* Национална австралиска награда за уметност и култура