Среда, 14 Февруари 2018    Печати
СОЈУЗ НА ЗДРУЖЕНИЈАТА НА МАКЕДОНЦИТЕ ОД ЕГЕЈСКИОТ ДЕЛ НА МАКЕДОНИЈА - МАКЕДОН

makedon2

ПРОГРАМА НА ПЕТТАТА СВЕТСКА СРЕДБА НА ДЕЦАТА БЕГАЛЦИ

10 февруари 2018 година, Скопје, Македонија - Секретаријатот на Петтата светска средба на децата бегалци којашто ќе се одржи на 30 јуни и 1-2 јули 2018 година ја утврди програмата за средбата.

Средбата е во организација на Сојузот на здруженијата на Македонците од Егејскиот дел на Македонија - МАКЕДОН во којшто членуваат 17 здруженија на Македонците од Егејскиот дел на Македонија, претежно поранешни деца бегалци од Граѓанската војна во Грција 1946-1949 година, насилно протерани од своите родни огништа.

___________________________________________

30 јуни 2018 година (сабота)

09.00 часот - Свечено откривање на Споменикот на децата бегалци на Кејот на Вардар, со поздравни говори.

10.00 часот - Полагање свежо цвеќе на Споменикот на децата бегалци во Парк Жена Борец.

12.00 часот - Свечен собир во Спортско-рекреативниот центар “Јане Сандански“ во општина Аеродром

Проекција на спотот за “Црниот тефтер“.

Едноминутно молчење за сите загинати Македонци во Балканските војни, Првата и Втората Светска Војна и Граѓанската војна во Грција.

Поздравни говори.  

Во културно-уметничката програма ќе учествува Ансамблот МАКЕДОНИЈА.

Изложба на фотографии од светските средби на децата бегалци во холот на Спортско-рекреативниот центар “Јане Сандански“.

Тричлени делегации ќе положат свежо цвеќе на гробот на Гоце Делчев и Споменикот на првиот македонски претседател Методија Андонов Ченто.

20.00 часот - Изложба на ликовни дела “Прогон“ во Музејот на македонската револуционерна борба.

___________________________________________

1 јули 2018 година (недела)

08.00 часот - Тргнување од Скопје

08.30 часот - Полагање цвеќе на Споменикот на починатите ранети од Граѓанската војна во Грција во Катлановска бања

09.00 часот - Излет на Велешко езеро

Поздравни говори од организаторите и поканетите гости, потеско читање, културно-уметничко друштво од Егејскиот дел на Македонија, ручек.

16.00 часот - Враќање во Скопје.

___________________________________________

2 јули 2018 година (понеделник)

21.00 часот Свечена вечера во хотел “Холидеј Инн“ во Скопје

поздравни говори, поетско читање, културно-уметничко друштво од Егејскиот дел на Македонија, вечера.

___________________________________________

Пријавувањето се врши кај претседателот на Секретаријатот на Петтата светска средба на децата бегалци, Ташко Јованов - мобилен 075823941.