Среда, 23 Август 2017    PDF Печати Е-пошта
ОБЈАВЕНИ СЕ Е 23, 24 И 25 ЕПИЗОДА ОД СЕРИЈАТА „АНТИЧКИТЕ МАКЕДОНЦИ НЕ БИЛЕ ГРЦИ“

Деновиве на Youtube се поставени 23, 24 и 25 епизода од  документарната серија „АНТИЧКИТЕ МАКЕДОНЦИ НЕ БИЛЕ ГРЦИ“ (“THE ANCIENT MACEDONIANS WERE NOT GREEK”), чиј комплетен автор е Александар Донски. Серијата е во продукција на Lloyd Harrison Entertainment Group од Сиднеј, извршен продуцент на серијата е Џим Стефан, ко-продуцент е Горан Котев, а асоцијативен продуцент е Андрија Петревски, сите од Сиднеј. Текстот го читаат Бубе Донска  и Стефо Нанцу. Во серијата ќе бидат претставени сведоштва од над педесет антички автори според кои античките Македонци не биле никакви „Грци“ како што тврди денешната грчка пропаганда. Авторот на серијата Александар Донски очекува оваа серија да ги разниша темелите на грчката историографија и пропаганда кога е во прашање античка Македонија.

Дваесет и третата епизода е посветена на сведоштвата Татјан Асириецот (2 век) и Созомен (4 и 5 век).

Татјан Асириецот (Tatian the Assyrian) се родил во Аси­рија (територија во денешен Ирак) околу 120 го­дина. Тој бил ранохристијански писател и теолог, кој зад себе оставил неколку вредни дела. Едно од него­вите најпознати дела е „Обра­ќање до Грците“ во кое тој ги критикува античките грчки автори дека незас­лу­жено припишувале заслуги на Грците кои објективно не им припаѓале. Тој наведува кои сегменти од нау­ката и умет­носта Грците ги превзеле од други народи, а подоцна ги прикажувале како „свои“.Него­вите тогашни ставови сигурно дека во голема мера можат да важат и денес за голем број денешни грчки автори. Во продолжение пренесуваме дел од ова дело:

Прво поглавие. Грците без причина тврдат дека ги измислиле уметностите. О Грци, не бидете толку непријателски распо­ло­жени кон барбарите и не гледајте со толкава злоба кон нив. Речиси сите ваши институции вие ги презедовте токму од барбарите. Најеминентните Телмесијани ја соз­да­­доа уметноста на волшепс­твото, Каријците прет­с­­ка­­жу­вањето од ѕвезди, Фригијците и нај­старите Исавријани  предзнаците според лета­њето на пти­ци­те... На Вавилонците им ја должите астро­номијата, на Перси­јан­ците маги­јата, на Египјаните геометријата, а на Феникијците азбу­ката и прави­лата за пишување. Прес­танете лажно да ги прикажувате овие изуми како ваши. Орфеј ве научи на поезија и музика, а од него научивте и за мисте­риите. Тусканите ве научија на вајарст­вото, а од старите записи на Египјаните нау­чивте како се пишува  историја. Свирењeто  флејта го научив­те од Марсија и Олимп - овие двајца Фригијци ја создадоа хармо­нијата од цевките на овчарите. Тирен­ците ја измислија трубата, Киклопите ковач­киот зана­ет, а од поранешната кралица на Персијанците, како што ни кажува Хеланикус, сте го превзеле ме­то­дот за пишување на плочи. Нејзиното име било Атоса. Затоа не бидете вообразени и пресатнете да се фалите со вашиот елегантен стил, бидејќи сѐ додека си се фалите самите себе, само вашиот народ ќе ви верува. Но, прис­тојноста наложува на секој разумен човек да добие признание од други. Се смета дека секој народ треба  да има единствен изговор на својот јазик. Но, како што стојат работите, вие самите не зборувате слично дури ниту во секојдневната комуникација. Начинот на кој збору­ваат Дорците не е ист со јазикот на жителите на Атика, ниту пак Еолците зборуваат како Јонците, па заради посто­е­њето на ваквата нескладност, јас навис­тина не знам кого од вас да го нарекувам Грк. И што е најчудно од сè, вие не си ги почитувате вашите автен­тични зборови, туку ја форсирате меша­вината од бар­барски зборови, кои од вашиот јазик создадоа каша... Вие исто така ја ставивте реториката во служба на неправдата и клеветите, продавајќи ја слободата на вашиот говор за пари и честопати претставувајќи една иста работа еднаш како лоша, а другпат како добра. Поезијата ја ангажиравте да опишува војни и оружја и корумпи­раност на душата“.

Многу од овие забелешки на Татјан Асириецот навис­тина важат и за некои денешни Грци. Што се однесува до темата што ја обработуваме, овде јасно гледаме дека кога ги спомнува грч­ките дијалекти, овој ранохристијански писа­тел воопшто не го спом­нува македонскиот јазик како „грчки дијалект“.

СОЗОМЕН (IV И V ВЕК)

За античките Македонци пишувал и писателот Созо­мен (Salminius Hermias Sozomenus), кој живеел од крајот на IV до средина на V век. Тој бил историчар на Христи­јанската Црква. И тој во своите дела неколкупати ги спомнал Маке­донците при што јасно ги издвоил од Грците. Така, на пример, во врска со христија­ни­за­цијата на балканските наро­ди, која се одвивала во времето на импе­ра­то­рот Конс­тантин Први Вели­ки (306-337), Созомен запишал:

...Христијаните на запад: Грци, Македонци и Илири, почнаа безбедно да богослужат под заштита на Конс­тан­­тин, кој тогаш станал главен на Римската импе­рија.“ (Sozomenus,  Ecclesiastical History, Book II, Chap. II).

И овде посебно ќе потенцираме дека во оваа изја­ва пове­ќе од очи­гледно е дека терминот Македонци е упот­ребен во етничка, а не во геог­раф­ска смисла, би­дејќи е употребен рамноправно со терми­ните: Илири и Грци, кои исто така претставуваат етнички (а не геог­­рафски) терми­ни. Зна­чи, по­ве­ќе од јасно е дека античките Маке­донци жи­ве­е­ле во Македонија и во IV век и тоа како одделен народ во однос на оста­на­тите балкански народи.

Овие изјави се сосема доволни за да го сместат и Созомен во плеадата антички историчари, кои децидно пишувале дека античките Македонци не биле Грци.

Дваесет и четвртата и дваесет и петтата епизода се посветени на сведоштвата од Јустин (2, 3 или 4 век). Вистинското име на Јустин е Марко Јунијан Јус­тин (Marcus Junianus Justinus). Речиси ништо не се знае за неговиот приватен живот, освен тоа дека живеел и работел во римско време. Негово дело е "Historiarum Philippicarum Libri XLIV“. Врз основа на јазикот на кој пишувaл Јустин, денеш­ните историчари временски го лоцираат помеѓу II и IV век по Христа.

Она што е важно за нас е дека во своето горе­спомнато дело  Јустин над двесте пати  ги спомнува Македонија и Македонците, опишувајќи ја во детали историјата на Македонија и  притоа јасно издвојувајќи ги како посебен народ во однос на Грци­те. Во продолжение ќе наведеме неколку вакви изва­доци.

Пишувајќи за доаѓањето на Филип Втори Маке­донски на власт и за заканите што се надвисна­ле над Грците и над Азија, Јустин констатира:

...Името на Македонците кое претходно било непознато, наеднаш станало доминантно. А Филип, кој три години бил држан како заложник во Теба и бил под влијание на Епиминонда и Пелопида, ја зголемил моќта на Македонија која сега претста­вувала ропски јарем над вратовите на Грците и на Азија.“ (Јустин, цит. дело, 6,9).

И за овој извадок нема потреба од дополнителен коментар.  

Седмата книга од своето дело Јустин ја посветил на Македонија. Ќе пренесеме неколку интересните извадоци од оваа книга:

Македонија отпрвин се викала Ематија од името на кралот Ематион... Нејзините жители биле нареку­вани Пелазги, а земјата Пајонија... Во областа Пајонија, која денес е дел од Македонија се вели дека владеел Пелегон, татко на Астеропај, чие име го среќаваме во Тројанската војна помеѓу најистакнатите бранители на градот.“

И понатаму:

„Грчките држави... бескрупулозно се обидувале да се уништат една со друга, сè додека не биле загрозени од трета сила, па така загубата за секоја од нив станала загуба за сите. Филип, кралот на Македонија, гледајќи од висина можност да им ја одземе слободата, ги поттик­нувал нивните (меѓугрчки) расправии преку тоа што им помагал на послабите, ги фалел победниците, а на крајот сите ги поразил и потчинил под својата  кралска власт.“ (8, 1).

Пишувајќи за битката кај Херонеја што се одиг­рала помеѓу Македонците предводени од Филип Вто­ри Маке­донски и грчките градови-држави, Јустин вели:

„Но, само што заздравел од своето ранување, тој (Филип Втори, з.м.) им објавил војна на Атиња­ните, која одамна кришум ја посакувал. Тебанците се уплашиле дека ако Атињаните бидат поразени, војната, како оган во соседството, може да ги зафати и нив. Заради тоа меѓу овие два града бил создаден сојуз, иако до пред извесно време биле непријателски настроени еден кон друг. Тие испра­тиле пратеници низ цела Грција велејќи дека на заедничкиот непријател можат да му се спротив­­стават само со обединета сила бидејќи Филип немал намера да запре, доколку успеел во своите први потфати, додека не ја покори цела Грција. Некои од гра­довите ги прифатиле овие аргументи и им се прид­ру­жиле на Атињаните, но некои, заради стравот од војна, одбиле да му се спротивстават на Филип. Во битката што се одиграла, иако Атињаните имале далеку поб­ројна војска, биле поразени и освоени  заради смелоста на Македон­ците... Тој ден бил ставен крај на славниот суверени­тет и древна слобода на цела Грција.“ (9,3).

Јустин јасно ги издвоил Македонците од Грците и кога пишува за подготовките на Македонската војска пред битката кај Ис. Познато е дека тогаш Александар ги обиколил своите единици, кои биле поделени по етничка основа. На припадниците на сите народи во нивниот состав, тој им кажувал различни причини за важноста на оваа битка со цел да го подигне нивниот дух. Од ова се гледа дека тој бил и голем психолог. Овде читаме:

Тој (Александар, з.м.) ги возбудил Илирите и Тракијците опишувајќи им ги богатствата и ризниците на непријателите, а на Грците им зборувал за војните на нивните предци и нивната огромна омраза кон Персија. Македонците ги потсетувал на нивното осво­јување на Европа и на нивната желба да ја освојат и Азија, фалејќи ги дека ниту една воена сила на светот не може да им се спротивстави и убедувајќи ги дека оваа битка е последна во нивните потфати, која ќе биде круна на нивната слава.“ (11,9).

Гледаме дека овде сите четири народи, од кои главно се состоела војската на Македонија, се од­дел­но спомнати: Илири, Тракијци, Грци и Македонци.

Кога пишува за престојот на Александар во Еги­пет и посетата на едно тамошно пророчиште, Јус­тин вели:

Одговор од пророчиштето добиле и неговите придружници според кој тие требало да го почи­туваат Александар како бог, а не како крал. Отто­гаш неговата занесеност многу пораснала и чудна аргонација му се родила во душата, едно пријатно чувство, иако ограни­чено со филозофијата на Грците и навиките на Македонците, кои сега биле запоставени.“ (11,11).

Ова сведоштво се однесува на пророчиштето во Египет кога на Александар му било кажано дека е "божји син", кој и самиот треба да биде третиран како бог. Ова било целосно во склад со дотогашната египетска тради­ција, според која фараоните истовре­мено биле третирани и како цареви и како богови. Но, ова било чудно и непри­фатливо за Македонците и за Грците за кои Александар бил и останал третиран само како цар и обичен човек. Меѓутоа, и овде Јустин јасно ги издвоил овие два народа.

Во својата 12-та книга Јустин го опишува грчкото востание против македонската власт кое било крена­то уште веднаш по заминувањето на Алексан­дар Ве­ли­ки Македонски во освојување на Азија. Овде читаме:

По заминувањето на Александар од Маке­донија, речиси цела Грција, со намера да  се обиде да ја обнови својата слобода, крена вооружено воста­ние... (12,1).

Навистина е нејасно како при знаењето на вак­вите чисти артикулации, некои можат и натаму да тврдат дека античките Македонци биле „Грци“.  

Пишувајќи за војните што ги воделе Грците низ историјата, Јустин констатира:

Грција постојано била изложена на големи возне­мирувања, прво заради војните со Персијан­ците, потоа заради оние со Галите, како и со оние војни со Маке­донците...“  (Јустин, 29,3).

И овде сосема јасно се издвоени Македонците, не само како посебен народ, туку и како еден од трите главни историски непријатели на Грците.

Јустин пишува и за македонско-римските војни воде­ни од македонскиот крал Филип Петти. Тој потен­цира дека Грците ја искористиле оваа војна и се сојузиле со Римја­ните за да кренат востание против македонската власт. Овде читаме:

Недолго потоа, цела Грција, беше поттик­нувана од Римјаните и од надежта дека ќе си ја поврати својата древна слобода, да востане и да објави војна на Филип.“ (Јустин, 30, 3).

Во продолжение Јустин е уште подециден, па вели:

Филип (Петти) од друга страна дозволи дека може­би може да им се потчини на Римјаните, но тој не сака­ше ни да слуш­не Грците, кои беа потчинети од него­вите претход­ници Филип и Александар и кои беа поро­бе­ни од Маке­донската империја, нему да му дикти­раат ус­лови за мир, небаре тие беа победници.“ (Јустин, 30, 3).

И навистина ме интересира како реагира совреме­ната грчка пропаганда на ваквите сведоштва.

Јустин ги спомнува одделно Македонците од Грците и кога вели:

Растечката моќ на Римјаните требаше да ги про­гол­та античките империи на Грците и на Македон­ците.“ (Јустин, 30, 4).

На крајот од овој краток преглед на делото на Јустин да заклучиме дека и овој автор исто така претставува непријатен предизвик за современата грчка пропаганда.

23, 24 и 25 епизода, како и останатите епизоди, можете да ги погледнете на посебниот канал на Јутуб: https://www.youtube.com/channel/UCJnd4_NuUyQQZfbMqom64kQ

Документарен филм со дел од дејноста на авторот Александар Донски можете да погледнете на:

https://www.youtube.com/watch?v=5S26QOz71gU&t=1535s

tatjan
Татјан Асириецот

 

На прво место

News image

МАКЕДОНСКА ДИЈАСПОРА : НЕ ЗА ДОГОВОРОТ СО БУГАРИЈА

Придонесот на  Македонците кои го напуштиле дедовскиот праг во етничка Македонија и поради ек...

Иселеници

News image

МАСЛИНОВАТА ГОРА И ЕРУСАЛИМ (9)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ИЗРАЕЛ И МАКЕДОНИЈА“ НА СЛАВЕ КАТИ...

Култура и туризам

News image

СИЛЈАН МИЦЕВСКИ - ИЗБРАН ЗА ПРВ ГРАДОНАЧАЛНИКНА БИТОЛА ВО 1996 ГОДИНА (10)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „СИЛЈАН МИЦЕВСКИ“ ОД АВТОРИТЕ СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ - КАТИН И ЃОРЃИ ЛУМБУРОВС...

Фељтон

News image

ДЕЛ ОД ВИСТИНАТА И СУДБИНАТА НА МАКЕДОНСКОТО НАСЕЛЕНИЕ ВО ПИРИНСКА МАКЕДОНИЈА (4)

ДЕЛ ОД ПУБЛИКАЦИЈАТА „МАКЕДОНЦИТЕ ВО СВЕТОТ“ НА СЛАВЕ КАТИН

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.