Среда, 23 Август 2017    PDF Печати Е-пошта
„Животот во гробница“

Овие се селани чиј јазик е сличен со оној на Бугарите и Србите

 

zivotot-e-grobnica

„Овие се селани чиј јазик е сличен со оној на Бугарите и Србите. Тие сепак не ги сакаат првите бидејќи им ги земаа нивните деца во армија. Вторите ги мразеа поради нивниот лош третман кон нив како “Бугари“. Тие покажаа симпатии кон Грците, бидејќи ние сме вистински духовни претставници на „Православниот патријарх во Константинопол“ (...) Сепак, тие наведуваат дека не се ниту, Булгари, (Бугари), ниту „SRRP“ (Срби), ниту Gkrrts (Грци), туку само „православни Македонци“... ,, - пишува Стратес Миривелес во книгата „Животот во гробница“.

„Животот во гробница“ е воена новела во која грчки наредник како новинарски извештај го опишува животот во рововите за време на Првата светска војна. Таа преставува едно од најуспешните и најчитаните грчки дела. Од нејзиното објавување како книга во 1923/1924 година, таа е продадена во повеќе од 80.000 примероци. Објавено во речиси десетина преводи, ова дело има посебна литературна убавина и повеќе од еден вид на голема литературна моќ.

Во 1917 година, пред да влезе во рововите, авторот на „Животот во гробница“ Стратес Миривелес имал само 25 години и сеуште ги немал почуствувано вистинските вредности на животот. Во рововите кои стануваат гробница на илијадници војници, тој секојдневно се соочува со ужасот на војната и очајот на војниците кои незнаат дали ќе го преживеат утрешниот ден.

Својата судбина во рововите на Солунскиот или Македонскиот фронт, Стратес Миривелес ја споделува и со Македонците од Егејска Македонија, кои насилно се мобилизирани од грчката војска и се приморани да се борат со своите браќа, татковци или роднини, кои се наоѓаат од другата страна на фронтот. За нив Миривелес во 1917 година ќе забележи:

Овие се селани чиј јазик е сличен со оној на Бугарите и Србите. Тие сепак не ги сакаат првите бидејќи им ги земаа нивните деца во армија. Вторите ги мразеа поради нивниот лош третман кон нив како “Бугари“. Тие покажаа симпатии кон Грците, бидејќи ние сме вистински духовни претставници на „Православниот патријарх во Константинопол“ (...) Сепак, тие наведуваат дека не се ниту, Булгари, (Бугари), ниту „SRRP“ (Срби), ниту Gkrrts (Грци), туку само „православни Македонци“... ,,

Напишано на модерен грчки јазик ова дело за време на диктатурата на Метаксас и Германската окупација било ставена на листата на цензурирани романи. Всушност во 1936 година, по доаѓањето на власт на фашистичкиот диктатор Јоанис Метаксас за македонскиот народ во Егејскиот дел од Македонија, започнал еден од најтешките периоди. Метаксас строго ја забранил употребата на македонскиот јазик во секојдневниот живот не само надвор туку и во рамките на семејството. За секој јавно искажан македонски збор, без разлика на местото каде е изговорен следувале тешки казни. Поради прекршување на забраната за користење на македонскиот јазик, повеќе од 5.000 Македонци биле осудени и затворени.

Јоанис Метаксас за време на Првата светска војна како монархист бил против влегувањето на Грција во војна на страната на Антантата. По дентронизацијата на грчкиот крал која е извршена со помош на силите на Антантата, Грција влегува во војна на нивна страна на 29 јуни 1917 година, а Метаксас како непожелна личност бил протеран во егзил на Корзика. Ваквиот негов став, како и негаторскиот однос кон македонскиот народ, подоцна по доаѓањето на власт во 1936 година станува причина книгата „Животот во гробница“, да се најде на листата на цензурирани романи. Вистината за постоење на македонскиот народ во Егејскиот дел на Македонија морала да исчезне.

 

На прво место

News image

МАКЕДОНСКА ДИЈАСПОРА : НЕ ЗА ДОГОВОРОТ СО БУГАРИЈА

Придонесот на  Македонците кои го напуштиле дедовскиот праг во етничка Македонија и поради ек...

Иселеници

News image

МАСЛИНОВАТА ГОРА И ЕРУСАЛИМ (9)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ИЗРАЕЛ И МАКЕДОНИЈА“ НА СЛАВЕ КАТИ...

Култура и туризам

News image

СИЛЈАН МИЦЕВСКИ - ИЗБРАН ЗА ПРВ ГРАДОНАЧАЛНИКНА БИТОЛА ВО 1996 ГОДИНА (10)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „СИЛЈАН МИЦЕВСКИ“ ОД АВТОРИТЕ СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ - КАТИН И ЃОРЃИ ЛУМБУРОВС...

Фељтон

News image

ДЕЛ ОД ВИСТИНАТА И СУДБИНАТА НА МАКЕДОНСКОТО НАСЕЛЕНИЕ ВО ПИРИНСКА МАКЕДОНИЈА (4)

ДЕЛ ОД ПУБЛИКАЦИЈАТА „МАКЕДОНЦИТЕ ВО СВЕТОТ“ НА СЛАВЕ КАТИН

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.