Среда, 22 Март 2017    Печати
МААК ќе маршира рамо до рамо со својот народ во одбрана на татковината

maakСвесни за опасноста што се надвива над Република Македонија со обидот на Зоран Заев и Зијадин Села за воспоставување паралелна влада без добиен мандат од Претседателот на државата;

Длабоко вознемирени од можноста корумпираните европски бирократи,Јоханес Хан и тројцата европратеници,да извршат дополнителен притисок врз претседателот Ѓорге Иванов,без почит за стотиците илјади македонски граѓани кои веќе три недели протестираат низ македонските градови;

Целосно убедени во исправноста на барањата на граѓанската иницијатива “За заедничка Македонија“;

НАЦИОНАЛНИОТ КОМИТЕТ на МААК донесе одлука да даде целосна и јавна поддршка на граѓанската иницијатива и јавно и отворено да се приклучи на граѓанската иницијатива “За заедничка Македонија“.

Со тоа, јавно и отворено,во овие историски моменти,раководството на МААК ќе маршира рамо до рамо со својот народ, во одбрана на татковината.

Да живее Македонија

НАЦИОНАЛЕН КОМИТЕТ на МААК
Претседател Страшо Ангеловски