Среда, 04 Јануари 2017    PDF Печати Е-пошта
Во Гостивар по втор пат се организира Бадникова литија

badnik-ohrid

Дечињата од Гостивар со пеење на старата коледарска песна „Вечниот Бог“ низ улиците на градот, во петок (6-ти јануари) ќе го најават Христовото раѓање.

Литијата во чест на големиот христијански празник Божиќ, во Гостивар се организира по втор пат.

Од гостиварското архиерејско намесништво информираат дека литијата ќе започне од пред црквата „ Пресвета Богородица“ на градскиот плоштад во 12 часот. Ги повикуваат сите заинтересирани дечиња кои сакаат да бидат дел од хорот, да дојдат во Црквата најдоцна до 11.30 часот.

Литијата ќе се движи по главните гостиварски улици и завршува во црквата „Света Петка“ кај железничката станица.

Според традицијата, децата ги симболизираат божјите ангели кои на Бадник го навестуваат раѓањето на Христос.

Настанот го организира Црквата Пресвета Богородица со  благослов и поддршка на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија.

ГОСТИВАРПРЕСС

 

На прво место

News image

Мисајловски: Договорот со Република Бугарија претставува грешка, бидејќи нема реципроцитет

„Договорот со Република Бугарија претставува грешка, бидејќи нема реципроцитет. Единствена и нај...

Историја

News image

Декларација на македонската заедница од Онтарио (Канада)

Република Грција мора да го признае постоењето на македонската нација во Грција (25 март 1990 година...

Иселеници

News image

Искажувања на македонските учители во Пиринска Македонија

Репринт на фељтонот објавен кон крајот на 1975 и почетокот...

Култура и туризам

News image

Маркови Кули (Водно)

Маркови Кули (или град Чрнче) е тврдина - збег на градот Скопје која лежи 4,5 км на југоисток од цен...

Фељтон

News image

ВРАЌАЊЕ НА АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ НИЗ ПУСТИНАТА (19)

Но, како што се утврдило, немало никаков знак од непријателот кај спојот на реката...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.