Среда, 07 Декември 2016    Печати
Македонско друштво „Илинден“ - Тирана по повод избори на 11 декември во Република Македонија

ilinden-tirana

На 11 декември 2016 година Република Македонија е пред една од најважните крстосници во своето 25-годишно постоење како независна држава. Единствениот начин да ја извлечеме нашата татковина од длабоката политичка криза во која се наоѓа е да излеземе во што поголем број и да го изразиме нашето демократско право на глас. Во овие специфични времиња, ваквото право е всушност морална обврска и должност пред идните генерации Македонци да се врати државата кон вистинскиот пат како демократски и стабилен лидер во Балканот.

Македонско друштво “Илинден”-Тирана посакува изборниот процес и постизборниот период да даде на Македонските граѓани позитивен импулс, мотивација и прилика за унапредување во политичкиот, социјалниот и економскиот живот во Република Македонија.

 Се надеваме дека преку овој важен настан, Република Македонија ќе чекори успешно и позитивно кон патот на Европската интеграција. Сето ова нема да биде добро само за сите граѓани во Република Македонија, и особено за Македонските малцинства во околните земји. За сето тоа е потребен труд од сите политички и граѓански организации и здруженија. Македонско друштво “Илинден”-Тирана, посакува успешни избори, позитивен процес, позитивна иднина за државата после изборите и успешно формирање на нова влада. Македонско друштво “Илинден”-Тирана  посакува најуспешното демократско сценарио во паламентарните изборите на 12 декември.

Македонско друштво “Илинден”-Тирана

Претседател  Никола Ѓурѓај