|
||
| Гоце (Георги) Николов Делчев |
|
Од крајот на 1896 год. до 1901 год. заедно со Ѓ.Петров тој е задграничен претставник на ВМОРО во Софија. Г.Делчев непосредно учествувал во изработката на вториот устав на ВМОРО во 1896 година, со кој настапи нова, повисока фаза во развитокот на македонското-ослободително движење. На Гоце Делчев му припаѓа заслугата за создавањето на организацијата во Штипско, Кочанско, Радовишко, Струмичко и Кукушко. Тој ги организира и првите канали на организацијата, по кои се пренесува организационата пошта, агитациони материјали и оружје. Создава погранични пунктови во Ќустендил, Дупница, Самоков, Кавакли и други места. Се создава и курирска служба, во употреба се воведени и шифри, хемиско мастило и псевдоними. Така под раководство на Г. Делчев се оформи организационата структура. Загинал на 4 мај 1903 година во борба со турскиот аскер, во с. Баница, Серско. |