Среда, 05 Јули 2023    Печати
Македонската Црква е ПРВОСЛАВНА бидејќи Македонците први го прославиле Господ Бог во Европа!

sinod-gpc-slika

Македонската Црква е автокефална и дел од Едната Света Соборна и Апостолска Црква!

Македонската Црква е ПРВОСЛАВНА бидејќи Македонците први го прославиле Господ Бог во Европа!

Македонската Црква е со апостолско приемство од Светиот Апостол Павле!

Македонската Црква е Апостолска, своевремено помоќна и по власт и по дијацеза од сите цркви заедно, со територија од Северна Италија до Црното Море, од Дунав до Средоземното Море.

Македонската Православна Црква-ОА е една и единствена легална и легитимна канонска наследничка на древната автокефална Охридска Архиепископија односно Патријаршија и Јустинијана Прва! Сакал тоа некој да го прифати сега или не!

Македонската Црква во Македонија непрекинато постои од формирањето на првите епископии во Македонија, независно од окупациите и окупаторите!

Македонската Црква била единствена институција која се грижела за македонскиот народ, особено нејзината улога се чуствувала во петвековното владеење на Османлиите со овие простори.

Македонската Црква носела судски одлуки, се грижела за образованието, здравството и т.н.

Токму затоа, Македонската Православна Црква-ОА во минатото имала значајна мисија во зачувување на духовниот, културниот и националниот идентитет на македонскиот народ.

Во минатото, отстапувањето од божјите патеки, неморалот, криминалот, митото и корупцијата, биле клучни причини за укинување на Охридката Архиепископија, односно да се изгуби она што со векови било симбол на македонската посебност. Заслепени од  неморал и жолтици, дозволија не само да се укините Автокефалната Македонска Црква, туку и да се подели Македонија.

Во 1767 година, македонскиот народ тешко го поднел укиунувањето на Охридската Архиепископија. Затоа во сите наредни востанија македонскиот народ се застапувал за возобновување на својата македонска држава и Црква. Сосема е извесно, дека доколку Охридската Архиепископија не била укината или доколку се возобновела кога и Егзархијата во XIX век, Македонија никогаш немала да биде поделана меѓу соседите, а денес таа ќе беше моќна, модерна и богата земја.

Македонската Православна Црква-ОА во минатото била држава на Македонците.

Меѓутоа, сите како да заборавија на истрајноста на македонскиот народ кој низ покајание беше спремен да ја сочува својата духовна и национална бит. По долгите борби за самостојна и независна македонска држава, во текот на Втората светска војна, дел од тој македонски народ се ослободи. Повторно на еден дел од Македонија создаде своја држава Република Македонија и ја врати својата Македонска Православна Црква-ОА.

Веднаш по осамостојувањето во 1991 година, нашите соседи повторно започнаа со истите сплетки како во минатото. Едни не го признаваат името, други, јазикот, трети Црквата, а четврти ги сквернават македонските светињи, Цркви, Манастири и гробишта.

Едни од оружјата на македонскиот народ се силата на аргументите и молитвата за јакнењето на свеста кај сите оние кои од внатре се обидуваат да ја демонтираат македонската држава и Црква, односно се што е поврзано со македонската државност.

Во нивните намери повторно им помагаат колаборационисти чии очи веднаш светнуваат на сјајот на жолтиците. Сите тие работат против Бога и божјите закони, па затоа нема да побегнат од божјиот гнев. 

АПЕЛ До Светиот Архиерејски Синод на МПЦ-ОА и Ахиепископот Охридски и Македонски Г.Г. Стефан: Надежта на македонскиот народ за опстојувањето на својата држава и Црква е голема, но, таа зависи и од истрајноста и мудроста на Светиот Архиерејски Синод на МПЦ-ОА и Ахиепископот Охридски и Македонски Г.Г. Стефан во зачувувањето на црквата, државата и идентитетот.

Немојте да дозволите во 21 век да се случи: „Ох! послушај, милиј Боже! Хаир никога да немат, Стамче беј, Бујар Лигдо, Пејко Челеби“, само со други имиња!

https://www.youtube.com/watch?v=FiK9Ousz-Io

Илјада и седимстотин шесдесет и второ лето
во Охрида од Цариграда дошел салаор.
Еј! Дошел салаор.

Се претставил пред Арсенја, наша Патрика честнаго
и му рек'л слово горко, слово жалостно.
Еј! Слово жалостно.

Царска волја е да тргнеш, денеска за Цариграда
на тебе од врли Грци, голем поплак е.
Еј! Голем поплак е.

Собрал патрик свое стадо, в црква свјати Климентова
благослов им дал последен, р'це заплетил.
Еј! Р'це заплетил.

Д'лго време липал старец, в молчење в'сенародно
и по бела брада ронел с'лзи горешти.
Еј! С'лзи горешти.

Слушајте ме мили чеда, јас ќе идам в Цариграда
на мене од врли Грци голем поплак е.
Еј! Голем поплак е.

Грцкиј патрик ќе ни строши, славна Охридска Столица
и мене до смрт ќе држи в заточение
Еј! В заточение.

Ќе прати владици Грци, лицем светци срцем в'лци
ќе ве дават, ќе ве стрижат, ќе м'лзат до крв.
Еј! Ќе молзат до крв.

Меѓу народа ќе сејат, несогласје и раздори,
да се мразат син со татка и со брата брат.
Еј! И со брата брат.

И ќе викнете до Бога, и крило не ќе најдете,
смирени ќе наведете глави доземи.
Еј! Глави до земи.

Ќе ми бидете сираци, така било написано.
Елате ми да ве гушна за последен п'т.
Еј! За последен пат.

Ч'рна т'га поразила, старо, младо, м'жи, жени,
Вси со р'це заплетени с'лзи проливат.
Еј! Солзи поливат.

Тој ги гушка, тие т`жни, му целуват десна р'ка и од р'ка
как' од извор с'лзи се лејат.
Еј! Солзи се лејат.

Вјахнал Патрик брза коња, и неволно уп'тил се.
Тога грмкиј плач народен небо процепил.
Еј! Небо процепил.

Умилил се чесниј Патрик, свалил шапка навезана,
погледал на сино небо, љуто прок'лнал.
Еј! Љуто проколнал:

„Ох! послушај, милиј Боже! Хаир никога да немат
Стамче беј и Бујар Лигдо, Пејко Челеби!
Еј! Пејко Челеби.

Милостивиј Бог послушал, патричка горешча клетва,
слава нихна, семе нихно погубил со шум.
Еј! Погубил со шум.

И сега во куќи нихни, ткае пајак пајачина
и на пусти стрехи нихни хукат хутове.
Еј! Хукат хутове.

Глигор Прличев

1DOOM Македонска нација