Среда, 24 Февруари 2010   
Грчки чаламџии или авто- ама- гол
Посетата на Папандреу на Москва ги поттикна шпекулациите дека Грција би можела да се сврти кон Русија. „Дужиш ко грчка“, беше и сè уште е изреката. Денес можеби повеќе од претходно. Македонскиот јужен сосед беше секогаш на товар на грбот од Европа. Ги немаше исполнето критериумите за членство, доби негативна препорака, но сепак ЕУ реши да ја прими. Дали сега ЕУ се кае или не, тоа си е нивна работа.

Сепак, најинтересно е што јужномакедонскиот сосед оди во Русија да бара нешто. Некои велат барале поддршка за нивниот став во врска со нивниот проблем со нашето име. Ама се си мислам дека е тоа некоја маска за пред народот нивни. Митре вели дека ќе оделе да се заборчат, да зајмат некое евро, оти голем проблем си имале. Дури се збори дека јужниве ќе им го свртеле грбот на оние кои толку време ги носат на грб, па ќе се насочеле кон Русија. Да не испадне онаа старата „рани куче да те лае“.

Грција ќе се свртела кон Русија?  Е тоа не го разбирам, како да се сврти кога се веќе долги години се свртени и превртени кон Русија, а богами и кон Југославија на Милошевиќ. Ставаа граници со последниов некаде во Македонска Гевгелија, направија нафтовод финансиран од Русија, ја доведоа во опасност европската валута (а со тоа и европската монетарна стабилност) и пак имаат лице да кажат оти сè што им требало било малку повеќе време, не пари.

Во Русија Папандреу изјавил и дека ќе финансирале гасоводи, нафтоводи, ќе купувале оружје и не знам што уште не им ветија на Русите. Или само сакаа да ги „уценуваат“ америте? Само да не испадне работата ко со французите, па на крајот да немаат со што да им ги купат воените авиони. Митре ми вели на америте им се стресоа од страв. Демек ќе купувале, ќе инвестирале, а со што ќе платат? Никој повеќе не им дава кредити, можеби ќе им дадат за да си се спасат самите, зошто јужниве се на добар пат да им направат проблеми на цела бабилонска. Едно е сигурно  Русите ќе им дадат троа пари не за друго, туку за да им помогнат да им прават инат на америте, а богами и да си остварат некој свој интерес, како оној нивниот вековен – излез на белото море.

Затоа одма кога се вратија од Русија и се зафатија со откривање „непријатели“ некој мора да им е виновен за економската криза што сами си ја направија.
Почнаа да бараат „непријатели“ и одма ги фатија, а кој друг ќе им биде непријател ако не Америка и Германија, а за Македонија да не зборуваме, ние така и така сме „нерпијатели“ број еден во дежурство, дури се „плашеа“ дека ќе ги нападнеме, со пушки и со стапови, ако се сеќавате.

Грчката разузнавачка служба вршела истрага за „лицата и интересите“ кои стојат зад шпекулативните напади врз грчката економија, објавил весникот То Вима.

Досега биле откриени шест финансиско- кредитни институции, „сите со англосаксонско потекло“, кои се озогласени шпекуланти, кои вршеле операции против Грција за време на кризата.

Освен  овие истраги од „сигурни“ и блиски извори до владата во Атина велат дека ќе испитувале кои новинари и политичари од КОДЕ НАМИ што велат во Ростуше, лапнале од тие сто и триесет милиони евра за да докажуваат дека Македонија е грчка, и за тоа ќе испитувале, така ни кажаа нашите сигурни извори кои се многу блиски и до задникот  од Бакојану.

Кога лапаа и живеаа на голема нога, кога трошеа пари за да докажуваат дека Македонија е грчка, кога правеа чалам со олимписките игри, кога на несвесни Македонци им даваа куферчиња со по некое милионче за да роварат во својата држава, тогаш им беше добро, тогаш сите им беа пријатели освен се разбира Македонија,. А сега ќе откриваат кој им ја направил кризата. Така е кога сам ќе ја згрешиш и не сакаш да признаеш и на крај бараш друг дека е крив. Можеби им е потребен изговор за да ги смират секојдневните демонстранти, ама тоа е краткорочен изговор зошто и нивните граѓани повеќе не им веруваат.

Митре ми вели абе знаеш ти добро кои се нивните граѓани? Па тие во поголем број се: турци, албанци, власи, евреи, македонци, цигани и малце атињани, тие се права, ама ептен права, не Македонска туку грчка салата.

За да ги смират нивните граѓани ќе им требаат многу пари, милијарди, да беше како порано побрзо ќе се снајдеа, во минатото им беше полесно, добиваа од сите страни, тогаш беа стратешки важни, а сега? Сега не се толку потребни, ама уште еднаш ќе ги излажат, за тоа имаат искуство, или им успеа со Русите?

Во минатото на америве им се закануваа дека ако не добијат пари ќе размислеле за америчките бази во Грција, им се закануваа се додека од страна на америте еден ден не им беше речено дека поголем дел од базите во Грција не се на грчка територија, дека базите се во Егејска Македонија, и веднаш се смирија, што велат, ни зуц ни муц до ден денешен.

Сега кога им требат пари се зафатија и со Германија. Грчки пратеници побарале Германија уште да им исплати репарации за окупацијата на Грција за време на Втората светска војна.

Демек како смеела Германија да ги суди за нивните финансиски дубари, кога се уште не ги исплатила компензациите за грчките жртви во војната. Се уште имало Грци, кои ги оплакувале своите загинати браќа, изјавил Маргаритис Ѕимас, пратеник од најголемата опозициска партија Нова демократија,....

Градоначалникот на Атина, Никитас Какламанис, пак, ги повика „културните дејци во целиот свет да кренат протест против срамната публикација во германското списание Фокус, кое објави карикатура со Венера Милоска, која покажува среден прст под насловот „Измамниците на европското семејство“.

- Ни должите 70 милијарди за урнатините, кои ги оставивте во нашата земја, изјави Какламанис на адреса на германскиот канцелар Ангела Меркел, алудирајќи на обесштетувањата, кои Грција настојува да ги добие од Берлин за германската окупација за време на Втората светска војна.

А Митре читал дека во 1960 година Германија и исплатила на Грција околу 115 милиони германски марки компензации за жртвите на нацистичките репресии. Грција, меѓутоа, бара уште сега и одма, што велат нашиве кобајаги политичари и затоа инсистирале дека оваа сума не ги покривала цивилните жртви на репресиите, им требеле сега уште пари.

Германците прво сакале да им помогнат на јужниве наши соседи, арно ама  американците  им упатиле порака до Германија  „на Грција сега нека и помогнат нејзините братучеди“. Аууу е тое ниту јас ниту Митре не сме го знае дека
јужниве имале и братучеди, Митре вели сигурно братучеди им се русите и србите, нема кој друг.

Е сега, ако јужниве барале репарација од германците  за тие кои  настрадале во втората светска војна, зошто нашиве од Егеј не прашаат кога јужниве ке ја платат репарацијата за настраданите Македонците во граѓанската војна во Грција?

Митре ми вели, абе кога тогаш ќе мора и тие да платат за насила одземените имоти, за настраданите, за децата кои насила ги избркаа од Егејска Македонија, еден ден ќе мора се да платат. Во моментов ја плаќаат божјата казна за блокадата на границата, за блокадата за влез во НАТО во ЕУ и уште многу има да плаќаат и ќе плаќаат.

Сега треба нашите по потекло од Егејот да ја прашаат Грција, како смеела да ги суди, да ги брка од своите домови, како смеела Грција да ги брка децата, да им ги пали куќите, да не им дозволува во 21 век да запалат свеќа на гробовите од нивните роднини, и уште многу гнасотии кои ги правеле или уште ги прават. Да прашаат зошто се уште не ги исплатила компензациите за Македонските жртви во граѓанската војна?!!! Се уште има Македонци  кои ги оплакуваат своите загинати браќа, сестри, деца и др.

Ееее сeгa е моментот и Мaкедонците од Егејот преку ЕУ и меѓународен суд да бараат враќање на имотите и репарација на сите оштетени во Грција.

Ќе им препорачам на нашиве од Егејот, ангажирајте адвокати од англосаксонско потекло, кај нив е лекот од грчката хистерија....

Свекрва ќе ја следи и натаму оваа сапунска опера режирана од ЕУ а предизвикана од јужниве, па ќе видиме дали европскиот народ ќе и’ даде оскар или конечно ќе ја „награди“ како што е редот.

Свекрва
 

На прво место

News image

Ниту една политичка партија, ниту еден лидер, вклучително и тие во опозицијата, не смеат да ги злоупотребуваат европскте

Жозеф Даул, член на Европскиот Парламент, Претседател на ЕПП - најголемата политичка група во Европс...

Историја

News image

Демостен за македонците

“И Демостен, со старата омраза кон Македонците, и поттикнувал Атињаните вед­наш да донесат одлука и...

Иселеници

News image

Денот на македонската независност во Перт

Денот на независноста на Република Македонија, 8. Септемвр...

Култура

News image

Свети Јован Крстител

Свети Јован Крстител е пророк кој се родил шест месеци пред Христос, наречен Предтеча поради неговат...

Туризам

News image

Село мое поубаво од Париз...

Македонија има огромен потенцијал за развивање на алтернативниот туризам - селскиот, еколошкиот и п...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.