Коледарски песни од записите на Mарко K. Цепенков
Коледица варварица, сива, сива гулабица долетала од планина, и донесла убаина. Коледица варварица, бери пења за вечера мене ми се вечера, оти пиле ми загина, од море до море, во царичини дворои.Царица го нагазила, и цревцата му истурила.
Циу цвиц ми сторило и пилето си умрело.По битолцќи Кoледица меледица, и по неа Василица, и по неа дава, дава, еднаш ни сте во година како цвеќе во градина. Збирајте се дечиња, стред село на грејачка, огон да си палиме, за да се изгреиме, оти после ќе одиме, Коледа да викаме, костење да збираме, за Бадник да јадиме,
Божик да го чекаме, и прасе да јадиме. Колете, бре селани, дебелите крмнаци, оти Божик ќе дојдит у селого на гости. Олеле, деде, паднало греде, отепало дете, дедо се влечи, баба го плачи, и си го теши:- Молчи ми старче, кусо магарче, подај ми праче, да не ти к`лвнат, твоите гурелки. Подај ми камче, да удрам петле; да не ти к`лвни, твоите мрсулки.
|