|
Никола Вапцаров
Вината не беше наша. Вината беше туѓа и другому тежи сто тона одговорност. Кога ќе дојде ден, Кога ќе стане нужда, Се’ ќе и’ раскажеме на мајката историја. - Започнаа со гнасните си раце да пипаат во душите на народот. Гневот беше толку многу накипел, Што не ја прозреа волчата порода, муцуните под овчите им кожи, престапната и плитка лицемерност. Но идат дни, кога ние ќе можеме да фрлиме кал во мутрите им црни. И буната почна. Немаше зошто да дигнеме раце, да изостанеме, туку со крвта на простиот народ в Илинден влеавме наша содржина. Што ќе кажете на таа вест, Ќе барате ли тука руски рубли? - во Крушево беше феудална власт и ете за скок - градат сега република! Тие беа исто како нас младинци. Исти такви собрани сме ние. И се биеја, и мреа во метежи, токму како што утре ќе умреме и ние. Не очајувам јас што бура ги покоси, Еве никнат други во расчадените пожари. Погледни тука - ете го Питу Гули, а ти пак си … Никола Карев. И ако требаат пароли - добро! - Ќе издигнеме плакати до месечината! - Слободна сакаме, Неќеме, неќеме протекторати! |