|
||||
| Татунчо |
|
На Бана Не ме клни, не ме жали! Не ми нижи низа клетви! Камен тежок живот ми е а по тежок одзив пусти по народни думи свети! Ако куќа не направиф со високи шимшир порти, куќа цел свет братски ми е братски срце што отвора, срце – порта највисока, срце – куќа најширока. Ако жена не донесоф ѓул-трендафил во одаја верна, добра млада љуба – не ме клни, не ме жали: во борбата другарката слнце сјае, слнце трепти! Ако млади си години по друмишта, по патишта в младост горка распосејаф – погледни ми право в очи: ти ли беше што пееше „Ајдутин мајка не рани...“ И ако не умрам дома туку кај што стии пиштат в борба искри кај што лштат – блазе, речи на душата – има зошто душа да е! Коста Кочо Солев Рацин |












