|
од Атанас Раздолов
Ој ти Струма, тивкотечна! Љубов вечна и срдечна Прими, потем препрати ја До браќа ми поробени - Препрати ја, позлати ја Со зборови позлатени: „Со молење престанете!“ Сите простум застанете. Дојде кова, дојде време Ние да се совземеме, Да застанеме на пат На тој душман што ко ат Преку леи и тумбази Слобода ни ја гази. Дружно да се поткренеме, Да викнеме: дојде време! И додека „Ај“ се зборне, Враг да сотреме од корен!
|